10.000 студенти во понеделник ќе го блокираат Белград

10.000 студенти се подготвени да излезат на улиците на Белград и да го блокираат српскиот главен град во понеделник, доколку и денеска министерот за образование не ги прифати нивните барања, се закани Данило Јеремиќ, претседателот на најголемата студентска организација СКОНУС.

10.000 студенти во понеделник ќе го блокираат Белград

Првите преговори, одржани по вчерашните студентски протести во Белград, Нови Сад и Косовска Митровица, не дадоа резултати. Студентите бараат бројот на испитни сесии да не им се намалува од шест на пет и да не им се одзема апсолвентската година, односно правото на буџетско финансирање една година по завршувањето на редовното траење на студиите. Тие бараат и поголеми вложувања на државата во образованието и намалување на административните трошоци.

Од српското Министерство за образование велат дека е неразумно студентите сега да протестираат, затоа што речиси сите нивни барања веќе се внесени во новиот Закон за високо образование, донесен минатиот месец.

Извор