Хариет Табман, Афроамериканка која побегнала од ропство и станала кондуктер на подземната железничка, ризикувајќи го својот живот да транспортира робови до слобода, е новото лице на банкнотата со вредност од 20 американски долари.
Од другата страна на банкнотата пак, ќе стои ликот на Ендру Џексон, син на имигранти од Ирска и сопственик на робови, кој бил избран за претседател како воен херој и е познат по политиките кои довеле до смртта на безброј домородни Американци.
Синоќа, секретарот на Департманот за финансии на САД, Џејкоб Џ. Лу, објави дека Табман ќе го замени Џексон на предната страна од банкнотата, со што стана првата жена на банкнота после повеќе од еден век, и првата Афроамериканка која краси банкнота. Лицето на Џексон ќе стои на задната страна на банкнотата, крај слика од Белата куќа, пишува Los Angeles Times.
Освен банкнотата од 20 долари, САД ги менува и банкнотите со вредност од 5 и 10 долари.
Финалниот изглед на трите нови банкноти ќе биде откриен до 2020 година, на 100-тата годишнина од освојувањето на 19-тиот амандман, со кој жените во САД добиле право на глас.