Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“
-
Нови студентски домови, бесплатно и подобро образование, револуција во културно-социјалниот живот за младите и мерки за намалување на невработеноста, се само дел од предизборните ветувања кои партиите ги запишаа во своите изборни програми.
Македонија се соочува со досега невиден егзодус на млади, кои секоја година во поголем број решаваат да ја напуштат земјата во потрага по подобар, или барем пристоен живот. А, како партиите и коалициите кои учествуваат на овие избори решија да го придобијат нивниот глас?
Додека некои им ги ветуваат на младите промените кои најмногу ги посакуваат – реформа или укинување на екстерните тестирања, пристоен студентски живот и полесно вработување после дипломирањето, други велат дека досегашните промени се исправни и потребни, и треба да се продолжи со нив.
Левица, која е млада и прогресивна партија и прв пат настапува на парламентарни избори, предвидува темелни реформи кои ќе придонесат за младите пред сé, во образованието.
Младата левичарска партија смета дека се потребни нови закони за образование, во чие пишување ќе бидат вклучени сите засегнати групи, како студентите, учениците, професорите, родителите итн. Велат дека ќе го укинат екстeрното тестирање и ќе воведат приемен испит на сите факултети. Тврдат и дека ќе развијат нов модел на основно образование кој ќе ги поттикнува истражувачкиот дух, проникливоста и смелоста, наспроти постојниот „модел на строга и стерилна контрола на резултатите и меѓуученичка конкурентност базирана на оценките“. Намесно тестирања и писмени испити, претпочитаат независни истражувања. Сметаат дека треба повеќе активности од музичката и ликовната уметност. Велат и дека во најбрз можен рок ќе ги укинат ентички поделените училишта, а во секое училиште ќе вработат дефектолози. Планираат и задолжително сексуално образование.
Високото образование, сметаат дека треба да биде бесплатно, а гарантираат и целосна автономија на универзитетите. Ветуваат и реновирање на студентските домови и изградба на студентски градови, субвенционирање на социјални и културни активности за сите студенти и поттикнување и поддршка на независната култура.
Левица ветува и целосно бесплатен превоз за ученици и студенти.
Како мерка за справување со високата стапка на невработеност, предлагаат невработените лица да имаат право на бесплатна обука и дообука за изучување занаети. Еден од попривлечните чекори кои партијата ги планира, е намалување на работното време од 8 на 7 часа дневно.
Партијата предлага и декриминализација и укинување на глобите за користењето на марихуаната за лична употреба на полнолетни лица, како и укинување на забраната за купување алкохол по 19/21 ч.
Некои од другите мерки кои ги планираат, а би придонеле за младите и нивната добросостојба, е и обновувањето и заживувањето на летните и зимските детски одморалишта и кампови.
СДСМ и коалицијата како најзначајни чекори кои им би помогнале на младите, ветуваат неповратни кредити за млади преприемачи и вработување за секој млад човек, во период од четири месеци по завршување на школувањето. Велат и дека ќе ги поттикнуваат домашните претпријатија за да обезбедат нови работни места, со што ќе вработат десетици илјади млади.
Слично како и претходната партија, и тие ветуваат изградба на носи студентски домови и студентски град во Скопје, а за студентите велат дека ќе обезбедат и платежна картичка за попусти , поевтин меѓуградски превоз, и билети за посета на спортски и културни настани од национален карактер.
СДСМ ветува и „образовен систем што ќе обезбеди општествена интеграција во етничка, регионална, социјална и културолошка смисла, и ќе поттикнува критичко мислење и активно граѓанство“, нагласуваат во својата програма.
Државниот испитен центар, ќе стане во Центар за обезбедување квалитет во образованието, а ќе формираат и Научно-истражувачки центар за талентирани ученици.
Ветуваат и соработка со студентските организации и формирање на нови, активни и посветени организации, изградба на скејт-паркови и велисипедски патеки, патувачки младински театар и младинство аматерско културно движење. Велат и дека треба враќање на спортот во училиштата и универзитетите, а потребно е и мултикултурно образование, почнувајќи од градинките.
Коалицијата за промени и правда, составена од Демократски сојуз, Фродем, МОРО – РП и Демос, на младите им ветува дека ќе ги поддржуваат стартапите на младите иноватори и претприемачи.
Коалицијата тврди и дека ќе креира посебен фонд, во кој ќе се слеваат два проценти од државниот буџет. Преку него, планираат да создаваат услови за вработување, решавање на станбени прашања, ќе се обезбедуваат стипендии за спортисти, млади уметници и слично.
За да ги охрабрат компаниите да вработуваат млади, ќе обезбедат пауза од 12 месеци за плаќање на придонеси за вработување.
Во областа на образованието, се чини дека сите опозициони партии и коалиции играат на сигурна карта – реформирање на екстерното и нови студентски домови.
Сепак, настрана од реформите се држат ВМРО – ДПМНЕ, во чија програма пишува дека ќе ги продолжат сите досегашни проекти во образованието и вработувањето на млади.
„Намалувањето на невработеноста е најуспешниот резултат на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ! Македонија е единствена земја во Европа која забележа намалување на стапката на невработеност во услови на светска и европска должничка криза.“, пишува во нивната програма. Токму затоа и нагласуваат дека ќе продолжат со проектот Македонија вработува, како и субвенционирањето на младите земјоделци, програмите за самовработување за младите иноватори, но и проектот „Купи куќа – купи стан“ за млади брачни парови под 35 години.
Продолжуваат и со бесплатниот железнички превоз секој втор викенд во месецот и бесплатниот градски транспорт за студенти и ученици. Не им е во план ниту да ги укинат вработувањата на најдобрите 100 дипломци во јавниот сектор, и финансирање на патувања за најдобрите студенти во Париз, Венеција и Барселона.
За екстерното тестирање, ВМРО ДПМНЕ во својата програма нема предвидено укинување, туку подобрување на системот за тестирање. Ветуваат и 145 нови спортски сали, а ќе ги наградуваат најдобрите ученици по математика и природни науки. Во програмата споменуваат и отворање на специјализирана математичка гимназија. Во шест општини ќе отворат читални, како и една „голема мултифункционална читална во Скопје“.
Ново е субвенционирањето на млади за купување на музички инструменти, како и проектите Млади поети, Млади уметници, Урбан ѕид за графити-цртачи и наградата за најдобар млад програмер.
Ветуваат и формирање на локални младински совети и креирање локални младински стратегии, како и отворање на канцеларии за млади. Коалицијата вели и дека ќе воведе обука од учениците од осмо и деветто одделелние по сексуално и репродуктивно здравје, нешто за што голем број граѓански организации одамна се залагаа да се воведе како задолжително во македонското образование.
Стефанија Тенекеџиева
-
[Analizë] Premtimet parazgjedhore për të rinjtë në programet e partive
Konvikte të reja studentore, arsim pa pagesë dhe më i mirë, revolucion në jetën kulturore – shoqërore për të rinjtë dhe masa për uljen e papunësisë, janë vetëm një pjesë e premtimeve parazgjedhore të cilat partitë i shënuan në programet e tyre zgjedhore.
Maqedonia përballet me eksodusin më të pa parë deri më tani, të të rinjve, të cilët për ditë në numër më të madh vendosin të largohen nga vendi në kërkim të jetës më të mirë, ose të paktën të jetës me dinjitet. Por, si vendosën partitë dhe koalicionet të cilat marrin pjesë në këto zgjedhje, të përfitojnë votën e tyre?
Përderisa disa të rinjve ua premtojnë ndryshimet të cilat më së shumti i dëshirojnë – reformën ose anulimin e testimeve eksterne, jetë studentore modeste dhe punësim më të lehtë pas diplomimit, të tjerë thonë se ndryshimet e deritanishme janë të drejta dhe të nevojshme, dhe se duhet të vazhdohet me të njëjtat.
Levica ( E majta), e cila është parti e re dhe progresive dhe për herë të parë del në zgjedhjet parlamentare, parasheh reforma rrënjësore të cilat do të kontribuojnë për të rinjtë para së gjithash, në arsim.
Partia e re majtiste, konsideron se nevojiten ligje të reja për arsimin, në përpilimin e të cilave do të përfshihen të gjitha grupet e interesuara, si studentë, nxënës, profesorë, prindër etj. Thotë se do të anulojnë testimin ekstrën dhe do të vendosin provim pranues në të gjitha fakultetet. Thonë se do të zhvillojnë model të ri të arsimit fillor i cili do të nxisë frymën hulumtuese, mprehtësinë dhe guximin, përkundët “modelit aktual të kontrollit të rreptë dhe steril të rezultateve dhe konkurrencës ndërmjet nxënësve bazuar në notat”. Në vend të testime dhe provimeve me shkrim, parapëlqejnë hulumtime të pavarura. Janë të mendimit se duhen më tepër aktivitete nga fusha e artit muzikor dhe artit figurativ. Thonë se për afat sa më të shkurtë kohor do të abrogojnë shkollat e ndara në baza etnike, ndërsa në çdo shkollë do të punojnë defektologë. Planifikojë edhe arsimin e detyrueshëm seksual.
Arsimi i lartë, thonë se duhet të jetë pa pagesë, ndërsa garantojnë edhe autonomi të plotë të universiteteve. Premtojnë edhe rinovimin e konvikteve studentore dhe ndërtimin e qyteteve studentore, subvencionimin e aktiviteteve sociale dhe kulturore për të gjithë studentët dhe nxitjen de mbështetjen e kulturës së pavarur.
Levica premton edhe transport tërësisht pa pagesë për nxënësit dhe studentët.
Si masë për përballje me shkallën e lartë të papunësisë, propozojnë personat pa punë të kenë të drejtë për trajnime pa pagesë dhe trajnime plotësuese për mësimin e zanateve. Një nga hapat më tërheqës të cilat i planifikon partia, është zvogëlimi i orarit të punës nga 8 në 7 orë në ditë.
Partia propozon edhe dekriminalizimin dhe abrogimin e gjobave për shfrytëzimin e marihuanës për përdorim personal për persona të rritur, si dhe abrogimin e ndalimit për blerjen e alkoolit pas orës 19 / 21.
Disa prej masave të tjera të cilat i planifikojnë, ndërsa do të kishin kontribuuar për të rinjtë dhe mirëqenien e tyre, është edhe rindërtimi dhe ringjallja e pushimoreve dhe kampeve verore dhe dimërore për fëmijë.
LSDM-ja dhe koalicioni si hapa më të rëndësishëm të cilat do tu kishin ndihmuar të rinjve, i premtojnë kreditë e pa kthyeshme për sipërmarrës të rinj dhe punësim për çdo person të ri, gjatë periudhës prej katër muaj pas përfundimit të shkollimit. Thonë edhe atë se do ti nxisin ndërmarrjet vendase të sigurojnë vende të reja të punës, me çka do të punësojnë dhjetëra mijë të rinj.
Ngjashëm si partia tjerët, edhe ata premtojnë ndërtimin e konvikteve të reja studentore dhe qytet studentor në Shkup, ndërsa për studentët thonë se do të sigurojnë edhe kartele pagesore për lirime, transport ndër urban më të lirë dhe buleta për vizitë në evenimente sportive dhe kulturore me karakter nacional.
LSDM-ja premton edhe “sistem arsimor që do të sigurojë integrim shoqëror në kuptimin etnik, rajonal, social dhe kulturor, dhe do të nxisë mendimin kritik dhe shoqëri civile aktive”, theksojnë në programin e tyre.
Qendra Shtetërore për Provim, do të bëhet Qendra për Sigurimin e Cilësisë në Arsim, ndërsa do të formojnë edhe Qendrën Shkencore – Hulumtuese për Nxënës të Talentuar.
Premtojnë edhe bashkëpunim më organizatat studentore dhe formimin e organizatave të reja, aktive dhe të përkushtuara, ndërtimin e skejt parqeve dhe shtigjeve për çiklizëm, teatër udhëtues rinor, dhe lëvizje amatore kulture rinore. Thonë se duhet kthimi i sportit në shkollat dhe universitetet, ndërsa nevojitet edhe arsimi multi kulturor. duke filluar nga kopshtet.
Koalicioni për ndryshime dhe drejtësi, e përbërë nga Lidhja Demokratike, Frodem, MORO – RP dhe Demos, të rinjve u premton se do ti mbështesë startapet e inovatorëve të rinj dhe sipërmarrësve.
Koalicioni pohon se do të krijojë front të veçantë, në të cilin do të derdhen dy për qind të buxhetit shtetëror. Nëpërmjet tij, planifikojnë të krijojnë kushte për punësimin, zgjidhjen e çështjeve banesore, do të sigurojnë bursa për sportistë, artistë të rinj dhe ngjashëm.
Për ti inkurajuar kompanitë të punësojnë të rinj, do të sigurojnë pauzë prej 12 muaj për pagesën e kontributeve për punësim.
Në fushën e arsimit, mesa duket të gjitha partitë opozitare dhe koalicionet luajnë në kartë të ngjashme – reformimin e testimit ekstern dhe konvikte të reja studentore.
Megjithatë, larg reformave qëndron VMRO- DPMNE-ja, në programin e së cilës shkruan se do të vazhdojnë të gjitha projektet e deritanishme në arsim dhe punësimin e të rinjve.
“Ulja e papunësisë është rezultati më i suksesshëm i Qeverisë së Republikës së Maqedonisë e udhëhequr nga VMRO – DMPNE-ja! Maqedonia është shteti i vetëm në Evropë e cila shënon uljen e shkallës së papunësisë në kushte të krizës debitorë botërore dhe evropiane”, shkruan në programin e tyre. Pikërisht prandaj edhe theksojnë se do të vazhdojnë me projektin Maqedonia punëson, si dhe me subvencionimin e bujqve të rinj, programet për vetë punësimin e inovatorëve të rinj, por edhe me projektin “Bli shtëpi – bli banesë”, për çifte të reja martesore nën 35 vjeç.
Vazhdojnë edhe me transportin hekurudhor pa pagesë, çdo të dytën fundjavë të muajit dhe transportin urban pa pagesë për studentë dhe nxënës. As që nuk e kanë në plan të anulojnë punësimin e 100 të diplomuarve më të mirë në sektorin publik dhe financimin e udhëtimeve për studentët më të mirë në Paris, Venedik dhe Barcelonë.
Për testimin ekstern, VMRO – DPMNE, në programin e tyre nuk kanë parashikuar anulimin, por përmirësimin e
sistemit për testim. Premtojnë edhe 145 salla të reja sportive, ndërkaq do ti shpërblejnë nxënësit më të mirë në matematikë dhe shkencat natyrore. Në program përmendin edhe hapjen e gjimnazit të specializuar për matematikë. Në gjashtë komuna do të hapen leximore, si dhe një “leximore e madhe multi- funksionale në Shkup.”Risi paraqet subvencionimi i të rinjve për blerjen e instrumenteve muzikore, si dhe projektet Poetët e rinj, Artistët e rinj, Muri urban për vizatues të grafiteve dhe shpërblimi për programuesin e ri më të mirë.
Premtojnë edhe formimin e këshillave lokale rinore dhe krijimin e strategjive lokale rinore, si dhe hapjen e zyrave për të rinj. Koalicioni thotë se do të vendosë trajnim për nxënësit e klasës së tetë dhe të nëntë për shëndet seksual dhe riprodhues, diçka për të cilën numër i madh i organizatave civile ka një kohë të gjatë që angazhohen të vendoset si e detyrueshme në arsimin maqedonas.
Stefanija Tenekexhieva