Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“
-
Невладините организации со години укажуваат на недоволно покриени теми за сексуално и репродуктивно здравје во образовниот систем. Не се откажуваат од барањата за Сеопфатно сексуално образование (ССО), односно системско решение кое ќе им даде на младите точни и потврдени научно докажани информации, за да носат свесни и одговорни одлуки.
Моделот би ги „поттурнал“ и учениците, и нивните наставници да ја почитуваат различноста, граѓанските права и родовата еднаквост. Едни од целите се и младите да станат недеструктивни, толератни, едуцирани, но и автономни, да не подлежат на притисок од околината и да не го прават „тоа“ само затоа што „другите мислат дека е добро“.
Податоци, предрасуди и влијанија за сексуалноста
„Со ХИВ се инфицираат само хомосексуалци и девојки што спиеле со многумина“. „Младите денес имаат интернет и знаат се’ за сексот“. „Животот ќе ги научи нема потреба од посебен предмет“. „Машко е ма, остави го. А ти девојче си, не е убаво така“. „Сеопфатното сексуално образование ги охрабрува младите да имаат голем број сексуални партнери“. „ССО ги учи децата да бидат хомосексуалци“.
Не е потребно човек да е експерт за да собере два и два и да сфати каде е Македонија во однос на сексуалното образование. Ваквите разни стереотипи, табуа и говор на омраза се’ уште се присутни на дел од популарните форуми. И не само таму. Митовите за сексуалноста со години метастазираат низ јавната сфера. Понекогаш се манифестираат преку насилство, а поттикнати од политички и идеолошки бариери, но и од несоодветно или недоволно едуцирани ученици, родители и наставници.
Целиот овој склоп на околности низ годините донесе поразителни статистики и резултати – само 13 отсто од учениците учеле за кондом. Само 1,6% од младите до 29 години користат орална контрацепција, а 12,8 од паровите какво било модерно средство на контрацепција. Истовремено, итната контрацепција не може да се купи без рецепта. Ние сме земја во која не можеме да си дозволиме контрацептивни средства, но можеме да си дозволиме дете.
Кога збориме за сексуално образование, не може да не се гледа низ призма на податоци за тинејџерски абортуси. Во земјава, познато е дека на секои 36 часа по една малолетничка абортира. Низ 2010 година имало 185, а во 2015 година тој број е зголемен на 217. Лани се регистрирани два случаи кога девојки беа оставени сами на себе да се справуваат со несакана бременост.
Многу млади брачни двојки се соочуваат со инфертилитет за кој најчеста причина се нелекувани инфекции. Кламидијата е во постојан пораст и бројките се загрижувачки, од 0,4 во 2004, стапката на морбидитет пораснала на 29,4 во 2014. Дополнително, загрижувачка е и состојбата со насилството меѓу учениците.
Професорката Ана Мартиноска од Институтот за македонска литература при УКИМ, во документот „Консултации за образование за сексуално и репродуктивно здравје“ објаснува за популарната култура. Таа покрива едно прилично широко подрачје на идеи, перспективи и претстави, создадени под силно влијание на мас-медиумите, а една од главните карактеристики е нејзината изразена сексуализација.
Според Мартиноска, станува збор за исклучително зголемување на дискурсите за сексот и сексуалноста низ сите медиумски форми, и посебно за растечка фреквенција на еротизирани презентации на телото (особено женското) во јавната сфера.
„Од нашминканите анорексични Барбики и изборите на убавици меѓу малите девојчиња , преку диетите како најмасовна женска невроза и притисокот на жената во западната култура да се прилагоди кон идеализираниот концепт за женската убавина, па сé до хип-хоп спотовите со голи женски гради и задници како главен декор и Кардашијанки како идоли, младите жени ги градат своите убедувања врз основа на културните обрасци кои постојат во општеството и очекуваните родови улоги кои тоа општество ги има за нив. Подеднакво ограничувачки се и сликите за ‘вистинските’ мажи, кои сé уште поддржуваат сосема традиционален тип на машкост“, анализира Мартиноска.
За професорот Владимир Давчев сексуалното образование е неопходно, бидејќи една од задачите на овој вид образование е да ја промени приказната што со векови се раскажува – дека момчињата се момчиња, а девојчињата се девојчиња – длабоко вкоренете во доминантата хегемонистичка мажественост. Таа, нагласува тој, им штети и на момчињата и на девојчињата. Момчињата кои не можат или не сакаат да се вклопат во ваквата верзија на мажественоста страдаат од вербални подбиви и емоционална вознемиреност, па дури и физичко малтретирање.
„Девојките, особено во рамките на преклопување на наративот на хегемонистичката мажественоста со традиционалните патријархални вредности, страдаат во рацете на момчиња (несакана бременост, силувања), кои се учат дека девојките се слаби, различни, други. Индивидуалноста на момчињата е задушена кога ќе им се каже дека постои само еден начин да бидат мажи и мажествени. Стереотипите за сексот и сексуалноста, особено со својата материјализација на моќни форми на овој вид мажественост, се пречка за свет во кој ќе постои родовата рамноправност. Воведувањето на сеопфатно сексуално образование треба да го вклучи и овој значаен сегмент“, анализира Давчев до документот.
Можни решенија за Сеопфатно сексуално образование (ССО)
Кристијан Ангелески од младинската мрежа „Y-Peer“ за Радио МОФ вели дека во моментов спроведуваат дополнително истражување кое, практично, треба да даде насоки кој е најсоодветниот модел за воведување ССО во училиштата, сразмерно на возраста на учениците.
Препораките од испитувањата треба да произлезат за неколку недели.
„ССО треба да се воведе затоа што во светот ваков тип на образование покажува одредени промени во однесувањето кај младите, кои водат кон квалитетен живот, а од друга страна и добросостојба. Не треба да се опфаќа само биомедицински дел, или за сексуално преносливи болести, а од друга страна да испуштаме теми како род, врски, насилство итн. Го бараме токму затоа што се работи за пакет-теми кои ХЕРА со партнерите сме увиделе дека, интернационалните стандарди кои во светот се поставени, може да се имплицираат и во Македонија. И да донесат ефект“, потенцира Ангелески.
Ивица Цековски од ХОПС, магистар по меѓународно здравје – сексуално здравје, нагласува дека додека зборуваме за ССО, здравствените индикатори се влошуваат. Смета дека со промена на политичката клима веројатно би се создале некакви услови за дебата и нови решенија.
„Во однос на наставниците, кај голем дел постои поддржувачка клима, дека треба да се спроведува ССО во вид на програма. Но, од друга страна, кажуваат и дека не се спремни самите да одржуваат настава за материјата, потребни им се дополнителни обуки, доедукација. Тоа посебно се однесува на неколку составни теми како родова еднаквост и сексуална различност, со кои, едноставно, не се снаоѓаат. Во напорите за спроведување на воннаставна програма, тоа беа главните предизвици“, забележува тој.
Искуствата низ светот покажуваат неколку примери. Различни земји – различно го решаваат. Некаде, вели Цековски, Сексуално образование е посебен предмет. Го предаваат специјално обучени наставници.
„Притоа, да се формира и програма на високо образование, во однос дали би се решило додопломски или постдипломски. Другиот модел е темите, односно различни области се интегрираат во посебни предмети. На пример, физиолошкиот и биолошкиот делови во предмет Биологија, додека филозофските и морални аспекти би се вклучиле во хуманистичките предмети – Граѓанско образование, Социјалогија, Филозофија… Тоа е за формално, меѓутоа има и понеформални решенија како врсничкото образование или поголема улога на младинските центри за сексуално здравје“, потенцира Цековски.
Домашните младински центри беа споменати и на неодамнешна дискусија за контрацептивни средства. Од ХЕРА посочија дека низ државава треба да има вградено 17 вакви центри, меѓутоа, според сознанија на организацијата, функционираат двата нивни „Сакам да знам“ во општината Шуто Оризари и на скопско Водно.
Освен орална контрацепција на позитивна листа и пристап до бесплатни кондоми, ХЕРА на дискусијата повторно побара и сеопфатна работна група за ССО.
„Сите засегнати да го формулираат тој модел, бидејќи не е поентата да се влезе ‘преку ноќ’ и да имаме одреден предмет без капацитет да се предава од неподготвени наставници или преоптоварени со работа. Животни вештини не е доволен да се опфати сексуалното образование. Тој важи важи како редовен предмет, но се одржува на класните часови. Раководители знаеме што прават на класни часови… Сите сме биле во средно школо – нема време за неоправдани, а не пак да зборуваме и за сексуално образование. Така што, јасно е дека тоа не функционира, не е ефикасно“, рече за Радио МОФ Јована Ананиевска од ХЕРА, организација која продолжува со ССО едукации, односно викенд обуки во „Сакам да Кажам“, како и стандарните едукации кои ги држат по училиштата.
Активистката Драгана Дрндаревска од Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“ (КСЗПМЗ) нагласува дека ССО го гледаат и како мерка за превенција од родово знасновано насилство и вознемирување во училиштата. Ова вклучува и хомофобично и трансфобично вознемирување.
Младите ЛГБТ луѓе, нагласува таа, се соочуваат со притисоци, исмејување и насилство поради сексуална ориентација или родов идентитет, што ги прави поранливи и сериозно влијае на нивното физичко и ментално здравје.
„Од друга страна имаме учебници кои се полни со дискриминаторски и стигматизирачки содржини поврзани со родот, родовата рамноправност, хомосексуалноста, сексуално преносливите инфекции и употребата на дроги. Содржините освен што се комплетно застарени и нерелевантни, во некои учебници истите вклучуваат и говор на омраза. МОН најави комплетна ревизија на учебниците и наставните програми за основно и средно образование. Коалицијата и ХЕРА ќе бидат вклучени во процесот на ревизија“, најавува Дрндаревска.
Според неа, она што уште загрижува е високото образование. И покрај тоа што има мислења и препораки од Народниот правобранител за отстранување на дискриминаторски содржини, сепак, вели таа, Универзитетите „Кирил и Методиј“ и „Климент Охридски“ одбиваат да ги повлечат. Оттука, во наредниот период ќе продолжат со активностите за правно застапување за промена на учебниците.
„Универзитетите и професорите наместо да ги игнорираат овие препораки, треба итно да преземат одговорност. Со тврдењето дека со овие барања им ја попречуаме авторската слобода на изразување, дополнително покажуваат елементарни непознавања на човековите права бидејќи говорот на омраза и дискриминацијата не се слобода на изразување, туку злоупотреба на истата“, вели Дрндаревска.
Каде се главните носители на одлуки во приказнава?
Десет партии пред парламентарните избори во декември 2016 се обврзаа на низа мерки за Сеопфатно сексуално образование. Меѓу партиите беа и СДСМ, ЛДП, ЛП, НСДП, ВМРО-НП, ДПА, Унитети, ДОМ и Левица. Од 10 партии, три од нив оваа мерка ја имаа наведено и во своите политички програми. Сепак, засега повеќето партии од власта беа „срамежливи“ и ја игнорираа оваа тема.
Бирото за развој на образованието досега тврдеше дека Наставната програма за Образование за животни вештини (ОЖВ), спроведувана на одделенските часови, е насочена кон внесување промени во однесувањето преку стекнување определени знаења, ставови и вештини, кои им помагаат на младите да изберат и да практикуваат здраво однесување, наместо само да учат што значи тоа. Односно, основната задача на ОЖВ е да го претвори знаењето во однесување. Истовремено, тврдеа дека од досегашната практика на спроведување на увидите, наставниците и/или учениците немале иницирано воведување на нов модел на сексуално образование.
Новите власти дополнително треба да се изјаснат за проблематиката. Меѓу ретките кои збореа за сексуално образование и контрацепција беше пратеничката Јагода Шахпаска и заменик-министерот за здравство Гоце Чекаровски. Тој рече дека не би требало да е проблем проблем да се обезбедат пари (70-100.000 долари) за задоволување основни потребни на младите за контрацепција на годишно ниво.
„Темите околу контрацепција се разговараат уште од најмала возраст, а кај нас станале табу. Ние како Влада и министерство во нашата програма имаме планирано плус едно контрацептивно средство на позитивна листа. Би сакал во иднина да разговараме и размислуваме во средните училишта да поставиме кондомати. Да почнеме да личиме на европска држава. Сето тоа ќе го надокнадиме ако од овој момент почнеме да размислуваме за курикуларни реформи во образованието. Ние мораме да почнеме да се менуваме. Свесно ќе ги следиме искуствата однадвор, знаеме како е во Холандија, Англија, Германија… Меѓутоа, кога ќе ги донесеме тука, треба да знаеме дека менталниот склоп на нашите девојчиња и момчиња е поинаков, треба да ги ослободиме од табуата“, рече Чекаровски на неодамнешна дискусија.
Според граѓанските организации, новите власти треба да размислуваат и за примена на Стратегијата за сексуално и репродуктивно здравје и права 2010-2020. Препорачано е и обезбедување основни гинеколошки услуги низ целата земја, потоа унапредување на пристапот до контрацептивни средства, заштита на човековите права на маргинализираните заедници, но и измена на законот за прекинување на бременоста од 2013 година.
Бојан Шашевски
*Текстот е напишан во склоп на проектот „На час“, чии активности се финансирани и се спроведуваат во партнерство со Фондација Отворено општество – Македонија.
-
[Analizë] Rini me edukim seksual, është imune ndaj stereotipeve dhe diskriminimit
25/10/2017 LAJME, ARSIM
Organizatat joqeveritare me vite sugjerojnë për mos përfshirjen e mjaftueshme të temave për shëndetin seksual dhe riprodhues në sistemin arsimor. Nuk heqin dorë nga kërkesa për Arsim seksual gjithëpërfshirës (ASGj), respektivisht zgjedhje sistemore e cila të rinjve do tu japë informata të sakta dhe të konfirmuara, të vërtetuara shkencërisht, që të marrin vendime me vetëdije dhe me përgjegjësi.
Modeli do ti kishte “nxitur” edhe nxënësit dhe mësimdhënësit e tyre të respektojnë të ndryshmen, të drejtat qytetare dhe barazinë gjinore. Një nga qëllimet janë edhe të rinjtë të bëhen jo desruktiv, tolerant, të edukuar, por edhe autonom, të mos u nënshtrohen presioneve të rrethinës dhe të mos e bëjnë “atë”, vetëm sepse “të tjerët mendojnë sepse është e mirë”.
Të dhëna, paragjykime dhe ndikime për seksualitetin
“Me HIV infektohen vetëm homoseksual dhe vajza që kanë fjetur me shumë veta”. “ Të rinjtë sot kanë internet dhe dine gjithçka për seksin”. “ Jeta do ti mësojë, nuk ka nevojë për lëndë të veçantë”. “Djalë është, lëre. Kurse ti je vajzë, nuk është mire ashtu”. “Arsim seksual gjithëpërfshirës i inkurajon të rinjtë të kenë numër të madh të partnerëve seksual”. “ASGj, i mëson fëmijët të jenë homoseksual”.
Nuk duhet të jesh ekspert që të mbledhësh sa bëjnë dy dhe dy dhe t kuptosh ku qëndron Maqedonia në raport me edukimin seksual. Stereotipat e këtilla të ndryshme, tabutë dhe fjala e urrejtjes ende janë të pranishme në një pjesë të forumeve popullore. Dhe jo vetëm atje. Mitet për seksualitetin me vite metastazojnë në sferën publike. Ndonjëherë manifestohen nëpërmjet dhunës, ndërsa të nxitura nga barrierat politike dhe ideologjike, por edhe nga nxënësit të edukuar në mënyrë jo përkatëse ose të pa mjaftueshme, nga prindër dhe mësimdhënës.
Të gjitha këto rrethana nëpër vite kanë rezultuar me statistika dhe rezultate dëshpëruese – vetëm 13 për qind e nxënësve kanë mësuar për prezervativ. Vetëm 1,6% e të rinjve deri në moshën 26 vjeçe përdorin kontracepsion oral, ndërsa 12.8% e çifteve, çfarë do lloji modern të kontraceptivëve. Njëkohësisht, kontraceptiv urgjent nuk mund të blihet pa recetë. Ne jemi vend në të cilin nuk mund ti lejojmë vetes mjete kontraceptive, por mund ti lejojmë vetes fëmijë.
Kur flasim për edukimin seksual, nuk mund të mos shihet nëpërmjet prizmit të të dhënave për abortet e adoleshenteve. Në vendin tonë, është e ditur se në çdo 36 orë, një adoleshente ka abort. Në vitin 20010 ka pasur 185, ndërsa në vitin 2015 ai numër është rritur në 217. Vjet janë regjistruar dy raste kur vajza janë lënë vetë të ballafaqohen me shtatzëninë e pa dëshiruar.
Shumë çifte të reja martesore përballen me infertilitet për të cilin zakonisht shkaku është infeksion i pa shëruar. Klamidija është në rritje të vazhdueshme dhe numrat janë shqetësuese, prej 04, në vitin 2004, shkalla e morbiditetit është rritur në 29,4 në vitin 2014. Në mënyrë plotësuese, shqetëson gjendja me dhunën në mesin e nxënësve.
Profesoresha Ana Martinoska nga Instituti për Letërsi Maqedonase pranë UKM në dokumentin “Konsultime për edukimin për shëndetin seksual dhe riprodhues” sqaron për kulturën popullore. Ajo mbulon një fushë goxha të madhe të ideve, perspektivave dhe paraqitjeve, të krijuara nën ndikimin e fuqishëm të mas mediave, ndërsa një nga karakteristikat kryesore është seksualizimi i saj i shprehur.
Sipas Martinoska, bëhet fjalë për rritjen e jashtëzakonshme të diskurseve për seksin dhe seksualitetin në të gjitha format mediatike dhe në veçanti për frekuencën e zmadhuar të prezantimeve erotike të trupit ( në veçanti të femrave) në fushën publike.
“Nga Barbikat me grim dhe anoreksike dhe zgjedhja e bukurosheve në mesin e vajzave të reja, pastaj dietat si acarimi më i madh femëror dhe presioni i femrës në kulturën perëndimore të përshtatet ndaj konceptit të idealizuar për bukurinë femërore, dhe deri te hip – hop spotet me femra me gjinj dhe prapanica lakuriq, si dekorin kryesor dhe Kardashianet si idhull, gratë e reja i ndërtojnë bindjet e tyre në bazë të formularëve kulturor të cilët ekzistojnë në shoqëri dhe rolet e pritshme gjinore të cilat i ka femra në atë shoqëri. Njëlloj kufizuese janë edhe imazhet për burrat “e vërtetë”, të cilët ende mbështesin tipin krejtësisht tradicional të burrërisë”, analizon Martinoska.
Për profesorin Vlladimir Dançev, edukimi seksual është i domosdoshëm, sepse një nga detyrat e këtij lloji të edukimit është të ndryshojë tregimin që me vite rrëfehet – se djemtë janë djem, ndërsa vajzat janë vajza – thellë të rrënjosura në maskilizim hegjemonist dominues. Ajo, thekson ai, ju dëmton edhe meshkujve edhe femrave. Meshkujt të cilët nuk munden ose nuk duan të përputhen në versionin e këtillë të burrërisë vuajnë nga tallje verbale dhe shqetësime emocionale, madje edhe nga maltretim fizik.
“Vajzat, në veçanti në kuadër të përputhjes së narracionit të burrërisë hegjemoniste me vlerat tradicionale patriarkale, vuajnë në duart e meshkujve ( shtatzëni e pa dëshiruar, përdhunime), të cilët mësohen me vajzat janë të dobëta, të ndryshme nga të tjerët. Individualiteti i meshkujve ngulfatet, kur do tu thuhet se ekziston vetëm një mënyrë e të qenit burë ose burrëror. Stereotipet për seksin dhe seksualitetin, në veçanti me materializimin e tij me forma të fuqishme të këtij lloji të burrërisë, janë pengesë për botë në të cilën do të ekzistojë barazi gjinore. Vendosja e edukimit seksual gjithëpërfshirës duhet të përfshijë edhe këtë segment të rëndësishëm”, analizon Davçev në dokument.
Zgjidhje të mundshme për Edukimin Seksual Gjithëpërfshirës (ESGj)
Kristijan Angeleski nga rrjeti “Y- Peer” për Radio MOF thotë se për momentin po zhvillohet hulumtim i ri plotësues i cili praktikisht, duhet të japë udhëzime cili është modeli më i mirë për vendosjen e ESGj në shkollat, në mënyrë që ti përshtatet moshës së fëmijëve.
Rekomandimet e hulumtimeve duhet të dalin për disa javë.
“ESGj duhet të vendoset sepse në botë lloji i këtillë i edukimit tregon ndryshime të caktuara në sjelljen e t[[ rinjve, të cilat rezultojnë me jetë ë cilësore, ndërsa nga ana tjetër edhe me mirëqenie. Nuk duhet përfshirë vetëm pjesa bio – mjekësore, ose për sëmundjet seksualisht të transmetueshme, ndërsa nga ana tjetër të lëshojmë tema si gjinia, lidhjet, dhuna etj. E kërkojmë pikërisht sepse bëhet fjalë për pako tema të cilat HERA me partnerët jemi të bindur se standardet internacionale të cilat janë vendosur në botë, mund të implikohen edhe në Maqedoni. Dhe të japin efekte”, thekson Angeleski.
Ivica Cekovski nga HOPS, magjistër i shëndetit ndërkombëtar – shëndeti seksual, thekson se derisa flasim për ESGj, indikatorët shëndetësor po përkeqësohen. Konsideron se ndryshimi i klimës politike me siguri do të krijojë kushte të tjera për debat dhe zgjidhje të reja.
“Në lidhje me mësimdhënësit, te pjesa më e madhe ekziston mbështetje, se duhet të zbathet ESGj në formë të programit. Por, nga ana tjetër, tregojnë edhe atë se nuk janë të gatshëm vetë, të mbajnë orë në lidhje me materien mësimore, ju nevojiten trajnime plotësuese, edukim plotësues. Kjo në veçanti vlen për disa tema si barazi gjinore dhe dallimet seksuale, me të cilat thjesht, nuk mund të gjinden. Në përpjekjet për realizimin e programit jashtë arsimor, këto ishin sfidat kryesore”.
Përvojat në botë tregojnë disa shembuj. Vende të ndryshme- e kanë zgjidhur në mënyra të ndryshme. Diku, thotë Cekovski, Edukimi seksual është lëndë e veçantë. E ligjërojnë mësimdhënës të trajnuar në mënyrë special.
“Gjatë kësaj të formohet edhe program në arsimin e lartë në lidhje me atë vallë do të vendoset si program pas diplomimit. Modeli tjetër janë temat, fushat e ndryshme integrohen në lëndë të veçanta. Për shembull, pjesët fiziologjike dhe biologjike në lëndën e Biologjisë, ndërsa pjesa filozofike dhe aspekti moral të përfshihen në lëndët humane – Shoqëri qytetare, Sociologji, Filozofi… Kjo pjesa formale, mirëpo ka edhe zgjidhje jo formale si edukimi i meshtarëve ose rol më i madh i qendrave rinore për shëndet seksual”, thekson Cekovski.
Qendrat rinore vendase u përmendën edhe në diskutimin që u zhvillua kohë më parë për mjetet kontraceptive. Nga HERA thane se në shtet duhet të jenë vendosur 17 qendra, mirëpo, sipas njohurive të organizatës, funksionojnë dy “Dua të di” të tyret në komunën Shuto Orizar dhe në Vodno të Shkupit.
Përpos vendosjen e kontracepsionit oral në listën pozitive dhe qasje drejt prezervativëve pa pagesë, HERA gjatë diskutimit përsëri kërkoi edhe grup pune gjithëpërfshirës për ESGj.
“Të gjitha palët e interesuara të formulojnë atë model, sepse esenca nuk është të hyjë “Brenda natës” dhe të kemi lëndë të caktuara pa kapacitet të ligjërohen nga mësimdhënës jo përgjegjës ose tepër të ngarkuar me punë. Shkathtësi jetësore nuk mjafton që të përfshihet edukimi seksual. Ai vlen si lëndë e rregullt, por mbahet gjatë orëve kujdestare. E dimë çfarë bëjnë kujdestarët e klasave gjatë orës së kujdestarisë… Të gjithë kemi qenë në shkollë të mesme – nuk ka kohë për të pa arsyeshme, dhe jo më të flasim edhe për edukim seksual. Ashtu që, është e qartë se kjo nuk funksionon, nuk është efikase”, tha për Radio MOF Jovana Ananievska nga HERA, organizata e cila vazhdon me ESGj edukime, respektivisht trajnime në fundjavë në “Dua të Them”, si dhe edukime standarde të cilat mbahen nëpër shkollat.
Aktivistja Dragana Drndarevska nga Koalicioni “ Të drejta seksuale dhe shëndetësore të komuniteteve të margjinalizuara” (DSShKM) thekson se ESGj e shoh edhe si masë për prevenim nga dhuna bazuar mbi gjininë dhe shqetësimin në shkolla. Kjo përfshin edhe shqetësim homofobik dhe transfobik.
Të rinjtë e LGBT-së theksojnë se ballafaqohen me presione, përqeshje dhe dhunë për shkak të orientimit seksual ose identitetit gjinor, që i bën më vulnerabil dhe ndikon seriozisht mbi shëndetin e tyre fizik dhe mental.
“Nga ana tjetër kemi libra shkollor të cilat janë përplot me përmbajtje diskriminuese dhe stigmatizuese në lidhje me gjininë, barazinë gjinore, homoseksualizmin, infeksionet seksualisht të transmetueshe dhe përdorimin e drogës. Përmbajtjet përpos që janë tërësisht të vjetërsuara dhe jo relevante, në disa libra shkollor të njëjtat përfshijnë edhe fjalë të urrejtjes. MASH paralajmëroi revizion të plotë të librave shkollor dhe programeve mësimore për arsimin fillor dhe të mesëm Koalicioni dhe HERA do të përfshihen në procesin e revizionit”, njofton Drndarevska.
Sipas saj, ajo që ende na shqetëson është arsimi i lartë. Edhe përpos asaj që ka mendim dhe rekomandime nga Avokati i Popullit për largimin e përmbajtjeve diskriminuese, megjithatë, thotë ajo, Universiteti “Kirill dhe Metodij” dhe “Kliment Ohridski” refuzojnë ti tërheqin. Së këndejmi, periudhën në vijim do të vazhdojnë me aktivitete për përfaqësimin juridik për ndryshimin e librave shkollor.
“Universitetet dhe profesorët në vend ti injorojnë këto rekomandime, duhet urgjentisht të ndërmarrin përgjegjësi. Me pohimin se këto kërkesa jua pengojmë lirinë autoriale të shprehjes, në mënyrë plotësuese tregojnë mos njohje elementare të të drejtave të njeriut sepse fjala e urrejtjes dhe diskriminimi nuk janë liri e shprehjes, por keqpërdorim it ë njëjtës”, tha Drndarevska.
Ku janë bartësit kryesor të vendimeve në këtë tregim?
Dhjetë parti para zgjedhjeve parlamentare në dhjetor 2016 morën obligim për një sërë masa për Edukim seksual gjithëpërfshirës. Ndër ato parti ishin edhe LSDM, PLD, PL, PRSD, VMRO – PP, PDSH, Uniteti, RDM dhe E Majta (Levica). Nga dhjetë parti, tre prej tyre këtë masë e kanë shënuar edhe në programet e tyre politike. Megjithatë, tan për tani shumica e partive në pushtet ishin të “turpshme” dhe e kanë injoruar këtë temë.
Byroja për Zhvillimin e Arsimit deri tani pohonte se Programi mësimor për Arsimin për shkathtësi jetësore (AShJ), e realizuar në orën e kujdestarisë, drejtohet kah vendosja e ndryshimeve në sjelljen nëpërmjet fitimit të njohurive, qëndrimeve dhe shkathtësive të caktuara, të cilat u ndihmojnë të rinjve të zgjedhin dhe të praktikojnë sjelljen e shëndetshme, në vend se të mësojnë çfarë është ajo. Respektivisht, detyra kryesore e AShJ është të shndërroj dijen në sjellje. Njëkohësisht, pohuan se nga praktika e deritanishme e zbatimit të inspektimit, mësimdhënësit dhe / ose nxënësit nuk kanë pasur vendosjen iniciale të modelit të ri për edukim seksual.
Qeveritarët e rinj, në mënyrë plotësuese duhet të prononcohen në lidhje me problematikën. Ndër të rrallët që folën për edukimin seksual dhe kontracepsionin ishte deputetja Jagoda Shahpanska dhe zëvendës ministri Goce Çekarovski. Ai tha se nuk do të duhet të paraqesë problem sigurimi i parave (70 – 100.000 dolalrë) për kënaqjen e nevojave themelore të të rinjve për kontracepsion, në nivel vjetor.
Të dhënat nga hulumtimi i HERA.
“Temat rreth kontracepsionit bisedohen që në moshë të vogël, ndërsa tek ne paraqesin tabu. Ne si Qeveri dhe ministri në programin tone kemi planifikuar plus një mjet kontraceptiv në listën pozitive. Do të kisha dashur në të ardhmen të bisedojmë dhe të mendojmë në shkollat e mesme të vendosim kondomat. Të fillojmë të ngjajmë në vend evropian. Gjithë atë do ta kompensojmë nëse që nga ky çast fillojmë të mendojmë për reforma të kurikulave në arsim. Ne, duhet të fillojmë të ndryshohemi. Me vetëdije do ti ndjekim përvojat nga jashtë, e dimë si është në Holandë, Angli, Gjermani… Mirëpo, kur i sjellim këtu, duhet të dimë se mentaliteti i vajzave dhe djemve tanë është më ndryshe, duhet të lirohemi nga tabutë”, tha Çekarovski gjatë diskutimit.
Sipas organizatave qytetare, qeveritarët e rinj duhet të mendojnë edhe për zbatimin e Strategjisë për shëndet seksual dhe riprodhues dhe të drejta 2010 – 2020. Rekomandohet edhe sigurimi i shërbimeve themelore gjinekologjike në gjithë vendin, pastaj avancimi i qasjes drejt mjeteve për kontracepsion, mbrojtja e të drejtave të njeriut të grupeve të margjinalizuara, por edhe ndryshimi i ligjit për ndërprerjen e shtatzënisë të vitit 2013.
Bojan Shashevski
*Aktivitetet financohen dhe realizohen në partneritet me Fondacionin Shoqëri e Hapur – Maqedoni.