Новата епизода на емисијата „Мегафон“ е достапна за слушање. Второто издание го посветивме на ставовите кои ги имаат младите за политиката, односно како тие можат заемно да си влијаат. Нивните мислења може да ги слушнете токму во предизборниот период, додека сите се сконцентрирани на партиските митинзи.
Зборувавме за тоа какви млади креира образованието, зошто младите влегуваат во партија, а што е она што партиите им го нудат. Исто така, се осврнавме на прашањето какво политичко влијание имаа протестите, а ги претставивме и податоците од онлајн анкетата за тоа каков премиер посакуваат граѓаните.
Во продолжение, може да ја преслушате втората епизода: