#АвтономнаЗона

Репортерите на Радио МОФ ги следат сите случувања поврзани со студентската окупација  и создавање #автономни зони на факултетите. Следете на Радио МОФ што се случува во #АвтономнаЗона.

Вторник, 22 февруари

Ќе се носи нов Закон за високо образование

Претставниците на студентите, професорите и Владата се договориле да биде донесен нов закон за високо образование, соопштија од Студентскиот пленум по завршувањето на втората средба во Ректоратот за реформите во образованието и државниот испит. Ваквата одлука ја потврди и ректорот Велимир Стојковски.

Втора средба меѓу Ректоратот, МОН и пленумци

Денеска, со почеток од 14 часот во просториите на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе се одржи втората средба меѓу претставници на Министерството за образование и наука, Професорскиот и Студентскиот пленум како и претставници од универзитетскиот сенат на чело со ректорот Велимир Стојковски.

Програма за активностите во автономна зона…

Понеделник, 21 февруари

[Предавање] Власта прави директен упад во автономијата на универзитетот

Слободата на универзитетот да ги утврдува начините на проверки на знаењето на студентите како и слободата на избор на студиските програми и на содржината на одделни предмети, се дел од клучните слободи кои ја градат автономијата на универзитетот, а врз кои власта прави директен упад, истакна професорката Елена Градишки Лазаревска на денешното алтернативно предавање на Правниот факултет.

Студентска окупација – програма за автономните зони на факултетите

Денешната програма на автономна зона за првпат го вклучува и алтернативниот курикулум на ПМФ и Економскиот факултет, соопшти Студентски пленум. Досега алтернативни предавања, работилници и музичка програма се одвиваат на Филозофски/Филолошкиот, ФЕИТ/МФС, Архитектонски/Градежен во Скопје, како и Техничкиот факултет во Битола.
Недела, 22 февруари

Студентски пленум: За окупацијата… или зошто никогаш нема да ви простиме?

Деновиве во јавноста се чини дека едно од најпоставуваните прашања е како студентите ќе се изборат за своите права преку окупација, а не со протести?

Наставници ќе преспијат со студентите на Битолскиот универзитет

Наставници, членови на Наставнички пленум, вечерва ќе преспијат во автономната зона на Универзитетот „Свети Климент“, во знак на поддршка на студентите кои пет дена, во тешки услови и без греење, го окупираат Техничкиот факултет, протестирајќи против владините реформи во високото образование..

[Колумна] Младите битолчани во драмски поход кон подобро утре

Битолчани конечно ги прекршија стереотипите на пасивни кафеџии и актуeлизираа многу младински прашања, што долго време не се осмелуваа гласно да ги кажат, пишува Марија Мерковска, координатор на МОФ-центарот во Битола

Неделна програма во автономните студентски зони во Скопје

Еве ја програмата која ќе се одвива во автономните студентски зони на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска (недела, 22 февруари…

Сабота, 21 февруари

„Премрзнати , но среќни“ – продолжува окупацијата на студентите во Битола

Саботна програма во студентските автономни зони

Петок, 20 февруари

Студентите ќе окупираат додека не добијат потврда за нов Закон за високо образование

Окупацијата на факултетите ќе продолжи се додека не се исполни барањето на студентите да добијат потврда дека ќе почне да се пишува текст за нов Закон за високо образование, изјавија од Студентски Пленум на денешната прес конференција.

Инфографик: Државен испит или студентска пролет?

„ Државен испит или студентска пролет?“ е насловен инфографикот на кој се претставени аргументите за неприфаќањето на државниот испит како мерка за подобрување на образованието, а кој го објави Студентски пленум на својата Фејсбук страна…

Четврток, 19 февруари

УКИМ, МОН и пленумите вечерва не договорија ништо конкретно

Од вечерашната средба во Ректоратот на УКИМ, на која ректорот Велимир Стојковски, министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, вицепремиерот Зоран Ставревски, претставниците на Студентскиот пленум Стефан Бидиков и Ивана Туфекчиева, како и професорката Гордана Силјановска од Професорскиот пленум разговараа за проблемите со законските измени во високото образование, не произлезе најава за конкретни решенија и поместувања.

Студентите во Битола поминаа уште една ладна ноќ

Студентски пленум: Законот за високо образование ја изгуби суштината, бараме нов

„Овој законски текст не е применлив со сите тие измени, се загубила неговата суштина и не сметаме дека креира квалитет во образованието“, рече студентот Дарко Малиновски од Студентски пленум на денешната прес-конференција која студентите ја одржаа во просториите на автономната зона на Филозофски/Филолошкиот факултет…

[Галерија] Студентите од Градежен го окупираат факултетот

„Ние градиме, вие рушите“ и „Кога веќе не бомбардираат, дигнете се во воздух“ беа само дел од транспарентите кои денеска на пладне беа кренати пред Градежниот факултет…

Прво утро од окупацијата на Архитектонски, денеска им се придружуваат градежниците

„Имаше голем интерес, се одвиваа голем број друштвени игри, имавме доволно донаци, професорите постојано прашуваа што ни недостига и ни го носеа тоа што ни недостигаше“, вели студент на Архитектонскиот факултет…

Програма за активностите на четирите автономни зони

Предавања, работилници, трибини се дел од денешната програма…

Среда, 18 февруари

[Галерија] Дубиоза: Ова што го прават студентите е поважно од завршување факултет

[Галерија] Четврта автономна зона – окупација на Архитектонскиот факултет

Студентскиот фронт не само што не е затворен, туку е проширен – „Поздрав Пленумци“, вака студентите прогласија автономна зона и го окупираа и Архитектонскиот факултет во Скопје. Со транспаренти „Ние сме архитекти на нашето образование“, „Како ова ќе се оцени со 5 прашања“, „Слободен универзитет“, студентите од Архитектонскиот факултет го искажаа своето незадоволство за изгласаните измени во Законот за високо образование…

Студентски пленум и на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

Откако пред два дена, студенти од Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) во Штип изразија поддршка за своите колеги во Скопје и Битола и незадоволство од воведувањето на новите законски реформи во високото образование, се формираше Студентски пленум и на УГД…

Разговорите за нов Закон за високо образование ќе почнат на УКИМ

Работните групи кои треба да започнат со работа на креирање нов Закон за високо образование, по иницијатива на ректорот Велимир Стојковски ќе се сретнат утре во 16:00 часот во Ректоратот на УКИМ, потврдија за Радио МОФ од Студентски Пленум…

Студентите во Битола ја поминаа првата вечер од окупацијата без парно

„Вечерта ни го исклучија парното, а го пуштија утрото многу доцна затоа денеска има и по некој настинат“, вели Борис Николевски, од битолскиот Студентски пленум…

Дубиоза Колектив настапува на Филозофски факултет

kolektivot

Вторник, 17 февруари

Студентска окупација – денешната програма во автономните зони

Предавања, работилници, проекции и музика се дел од денешната програма во автономните зони на Филозозофски/Филолошки…

Студентски пленум – УКЛО: Добиме дојава дека се организираат контра -протести 

Студентскиот пленум УКЛО, кој за денеска напладне ја најави окупацијата и прогласувањето автономна зона на…

[Фото] Студентите прогласија автономна зона‬ на Техничкиот факултет-Битола 

„Прогласена е ‪#‎АвтономнаЗона‬ на Технички факултет Битола! Доаѓајте!“, повикаа попладнево битолските студенти кои го окупираа…

Бојкот на наставата и на Педагошкиот факултет во Скопје 

Студентите од Педагошки Факултет „Св.Климент Охридски“ Скопје формираа интерен Пленум и прогласија бојкот на наставата и на овој факултет.…

Понеделник, 16 февруари

[Галерија] Автономна зона ден 6

Изложба -Александар Ковачевски „Дискретниот шарм на продавачите на магла“

Изложба -Александар Ковачевски „Дискретниот шарм на продавачите на магла“

Студенти од Приштина со поддршка за студентите во Македонија

Студентите активисти од студентското движење за еднаквост – „Студирање, Критика и Акција“ од Приштина испратија порака за солидарност и поддршка со постапките и барањата на студентите од „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје.

[Фото] Поддршка за Пленумци од Штип: Нè има и на УГД

„Студентите на УГД имаат страв од тоа дека ако ги има на слика против законските реформи, тие ќе имаат проблеми кај одредени професори на факултет, ќе паднат на испит. Сакаме нашите колеги пленумци да знаат дека ја имаат нашата подршка уште од самиот почеток (со тоа што протестиравме со нив на мирните протести пред МОН)“, посочуваат штипските студенти.

Битолските студенти утре ќе го окупираат Техничкиот факултет 

„Чувствуваме обврска, да ги ослободиме универзитетите – вистински и да прогласиме автономна зона! Владата окупира, ние ослободуваме!“, порачуваат студентите од Битола…

Распоред на денешните активности во автономните зони

Во автономната зона на Машински и ФЕИТ пак, продолжуваат алтернативните предавања и работилници. Така што во 14:00 часот,Игор Трајковски ќе одржи предавање за„Агрегатори на информации“. Потоа, во 15:00 часот Марија Михова ќе зборува за „Логика на правното размислување“…

Недела, 15 февруари

Програма на активностите во автономните зони за денеска 

Активностите од културно-образовен карактер продолжуваат да се одвиваат во автономните зони. Во нив, се вклучуваат нови неформални организации и студенти од различни факултети кои реализираат изведби, проекции и работилници, додека професори спроведуваат алтернативни предавања во интерес на студентите.

Студентите инсистираат овојпат дебатата да биде на нивен терен 

На само еден ден пред да се одржи средбата на која ќе се сретнат претставници од Министерството за образование и наука, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, но и претставници од Студентски и Професорски пленум каде ќе се разговара за …

Предавање во автономна зона: Потребна е целосна либерализација на образованието 

Неопходно е да се спроведе целосна либерализација на високото образование е заклучокот од денешното алтернативното предавање „Да ја одвоиме државата од образованието: патот кон слободно и квалитетно образование!“ на Бојан Богоевски. Предавањето кое беше дел од култрно-образовната програма на Машинскиот Факултет…

Викенд во #АвтономнаЗона / Фотографии на Ванчо Џамбаски

Фото:  Ванчо Џамбаски

Сабота, 14 февруари

[Галерија] Трет ден окупација на Машински и ФЕИТ, студентите продолжуваат со мобилизација 

Трет ден како трае окупацијата на техничките факултети, откако Пленумците пред два дена ја проширија автономната зона која првично ја создадоа на Филозофско/Филолошкиот факултет. Оние кои ноќта ја поминаа на Машинскиот Факултет и на ФЕИТ, уште од рано утрово со кафе во рака започнаа…

Се зголемува бројот на студенти кои преноќуваат во автономните зони

„Генерално, окупацијата се одвива во добар тек. Дневно се одржуваат алтернативни предавања со кои се пополнува просторот. Бројката на студентите што се решаваат да спијат на факултет се зголемува. Досега 100-150 се вклучени посебно во двете факултетски згради. Тие се добро расположени и активно се вклучени во програмата“, изјави за Радио МОФ, студентот Дарко Малиновски од Студентски пленум…

Професорски пленум: Нема да учествуваме во создавање слика на вештачка инклузивност и транспарентност

Професорскиот пленум на својата официјална веб-страница со неверување и незадоволство ја прими информацијата за јавно изразениот став на министерот Адеми и неговото разбирање како треба да се води процесот на изработка и донесување на пакетот закони од областа на високото образование…

Работилници и споделување на знаење – програма на автономните зони за денеска

Со предавање на професорот Никос Чаусидис за „Семиотичка анализа на проектот Скопје 2014“, студентите од Филозофски/Филолошки факултет го започнуваат четвртиот ден од окупацијата на факултетската зграда…

Петок, 13 февруари

Поддршка за Студентски пленум од Ману Чао

Францускиот изведувач со шпанско потекло, Ману Чао, на својата официјална Фејсбук страница објави фотографија на која пишува „Поддршка за Студентски пленум во Скопје“, со што се солидализира со студентите кои веќе три дена ја окупираат зградата на Филозофски/Филолошки факултет, а од вчера и зградата на Машински и ФЕИТ.

Трибина во автономна зона: Државниот испит не може да ги оцени студентите

Теоретско учење кое не доведува до вистинско знаење, недоволно простории за одржување на предавањата, но и неквалитетното оценување со воведување државен испит се дел од проблемите на кои укажаа студенти и професори во текот на денешната трибина во аулата на Филозофски/Филолошки факултет…

[Галерија] 2 ден окупација на Машински и ФЕИТ

Студентската окупација на техничките факултети продолжува и денеска. Студентите велат дека кампирањето на Машински и ФЕИТ ќе продолжи се додека не се исполнат нивните барања и додека не започне подготовката на целосно нов Закон за високо образование…

Студентска окупација – денешната програма во автономните зони

Студентите ја продолжуваат окупацијата на Универзитетот, трет ден на Филозофски/Филолошки факултет, втор ден на Машински и Феит. Денешната програма е исполнета со трибини, работилници, проекции на филмови…

Четврток, 12 февруари

[Галерија] Изложби, проекции, дискусии – втора вечер од окупацијата на Филозофски

Алтернативни предавања, изведби и изложби создадени со труд на студентите, но и проекција на филм, се активностите кои вечерва почнаа да се спроведуваат како дел од културно-образовната програма во автономната зона на Филозофско/Филолошки факултет…

[Галерија] Студентите се подготвуваат за преноќување на Машински и ФЕИТ

Полн амфитеатар студенти вечерва на Машинскиот факултет и Факултетот за електротехника и информациски технологии го следеа предавањето на професорот Зоран Ивановски, насловено „3D компјутерска визија“…

Се јави СПУКМ: Идејата за окупирање на универзитетот нема да добие наша поддршка

Студентскиот парламент при УКИМ, со долго соопштение поставено на нивната Фејсбук страница, информираше дека нема да ја поддржи окупацијата на Универзитетот. Својот молк во период на силни студентски бунтувања, протести и донесување нов Закон за висoко образование, од Парламентот го објаснуваат како покажување „воздржаност, смиреност и разумност“…

[Видео] Поддршка за студентите и автономната зона #2

Студентскиот пленум го објави второто од серијата најавени промотивни видеа посветени на автономната зона на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во кое професори и јавни личности изразуваат поддршка на студентите.

[Галерија] Се шири студентскиот фронт, студентите не отстапуваат од барањата

Со извици и транспаренти „Автономија“, „Дојди и приклучи се“, „Индекс имам, права немам“, студентите денеска ја проширија Автономната зона освојувајќи ја зградата каде се сместени Машинскиот факултет (МФС) и Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) каде веднаш поставија вреќи за спиење…

[Фото] Студентите ги окупираат техничките факултети

„Автономија“, „Дојди и приклучи се“, „Индекс имам, права немам“ – со извици и транспаренти во рацете студентите тргнаа во освојување на техничките факултети. Тие влегоа во зградата каде се сместени Машинскиот факултет (МФС) и Факултетот за електротехника и информациски технологии и најавија дека ја прошируваат автономната зона…

МОН: Продолжува дијалогот на релација Влада – универзитети

И покрај студентската окупација на универзитетите, од Министерството за образование и наука денеска соопштија дека дијалогот на релација Влада – универзитети продолжува…

[Видео] Утринско будење и сонливи лица – помина првата вечер од окупацијата

Некои едвај расонети и со кафе во рака, други веќе разиграни на музиката во аулата, ова е сликата која утринава ја затекнавме на Автономната зона што студентите ја создадоа вчера по окупацијата на Филозофски/Филолошки факултет…

[Фото] Студентска окупација: Акција за утринско будење на Економскиот и Правниот факултет

Со извици „Автономија“, „Дојди и приклучи се“ студентите утрово се упатија на Економскиот и Правниот Факултет за како што велат , да ги разбудат своите колеги и да ги поканат да им се прудружат во окупацијата, јавува репортерката на Радио МОФ…

Среда, 11 февруари

[Галерија+Видео] Прва вечер од окупацијата на УКИМ – студентите креативни и одлучни

Со читање книга, цртање, и по некоја песна додека во позадина се слушаат звуците од акустичните гитари што некои ги понеле со себе, студентите ја минуваат првата вечер во Автономната зона што ја создадоа денеска, со окупацијата на Филозофски/Филолошки факултет…

[Видео] Александар Поповски „Диво Месо – за слободата“

Студентскиот пленум го објави првото од серијата најавени промотивни видеа посветени на автономната зона на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, во која режисерот Александар Поповски чита дел од антологискиот драмски текст на Горан Стефановски, „Диво месо“…

Студентски пленум -УКЛО: Битолските студенти се подготвуваат за окупација

Студентска окупација ќе има и во Битола е одлучено на вечерашната средба на Студентскиот пленум -УКЛО. Точниот датум се уште не е утврден, а деновиве студентите ќе одлучат кој факултет во овој град ќе биде прогласен за слободна, автономна зона…

Студентите утре ќе ги освојуваат и техничките факултети

Откако студентите воспоставија целосна контрола врз Филозофскиот и Филолошкиот факултет, тие се решени утре, со почеток од 13 часот да создадат автономна зона и на техничките факултети, така што ќе организираат локален Пленум…

Студенти: Ќе спиеме на факултет додека не ни се исполнат барањата!

Студентскиот пленум денеска прогласи автономна зона на Филозофски/Филолошки факултет. Со вреќи за спиење и шатори, студентите направија окупација и порачаа дека нема да си одат и ќе спијат на факултетот, се додека не се исполнат нивните барања…

[Галерија + Видео] Студентска окупација на универзитетот

Со платна на кои пишува „Студентска контрола“, „Автономна зона“, „Слободен универзитет!“, но и транспаренти „Не сте свесни колку сме бесни“, „Ако не ние кој? Ако не сега кога?“, студентите денеска ги окупираа Филозофскиот и Филолошкиот факултет, а ја блокираа наставата на Правниот и Економскиот факултет при УКИМ…

Студентска окупација: Блокирана настава на Правниот и Економскиот факултет

По Филозофскиот и Филолошкиот факултет започнува да се блокира наставата и на Правниот факулет „Јустинијан Први“во Скопје. Студентите ги посетуваат предавалните и ги повикуваат студентите да им се придружат во окупацијата…

Почна студентската окупацијата на Филозофски и Филолошки факултет

Голем број студенти го окупираа спратот и аулата меѓу Филозофскиот и Филолошкиот факултет во Скопје . Тие поставија клупи во ходниците и апелираа за донации за душеци , храна и останати производи кои ќе им бидат потребни во текот на окупацијата…

[ФОТО] Студентите го окупираат Филозофски – Ајде да го освоиме назад универзитетот!

Со ранци и вреќи за спиење, студентите од Студентски пленум се собраа пред Платото на УКИМ на седмиот студентски пленум и каде побараа да им се врати универзитетот и најавија креирање автономна зона. Тие влегоа на Филозофскиот факултет каде ја најавија окупацијата…

Вторник, 10 февруари

ОБНОВЕНО: [Галерија] Бојкот на наставата на техничките факултети

Само еден ден пред Студентскиот генерален пленум закажан на пладне на платото пред Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, студенти од техничките факултети ги повикаа своите колеги да ги напуштат предавањата и да ја бојкотираат наставата…

Професорскиот пленум ќе се придружи на студентите во утрешната окупација

Со Предлог – закон за изменување на Законот за високото образование кој денеска е поставен на дневен ред во Собрание не е испочитувано барањето на Професорскиот пленум за одлагање на примената на целиот пакет закони за високото образование до 2018 година, информираат од Пленумот. Оттаму додаваат дека професорите ќе им се приклучат на студентите на утрешното прогласување Автономна академска зона…