Репортерите на Радио МОФ денеска на терен ќе ги следат сите случувања околу средношколскиот марш кој ќе започне во 12 часот, од фонтаната во Градски парк кон Владата на Република Македонија, па се до Министерството за образование.
На средношколците им се придружуваат и студентите, кои тргнуваат истовремено со нив, но од платото пред УКИМ, за двете групи да се сретнат пред Влада и заедно да продолжат кон МОН.
Со редовни ажурирања, преку „блог во живо“ ќе известуваме за сите случувања во текот на протестот кој покрај од студентите доби силна пленумска поддршка и од наставниците, професорите и новинарите. Средношколски протести денеска се најавени и во Охрид, Битола, Тетово.
16:00
Освен во Скопје, на протест денеска излегоа и средношколците во Охрид, Битола, Тетово.
14:35
Заврши третиот средношколски протест во Скопје. Од Средношколскиот пленум го оценија како успешен, задоволни од денешната излезност.
14:33
Средношколците најавија дека ќе го радикализираат протестот, откако и денеска не беа примени на средба во Министерството за образование. Тие соопштија дека ќе кампуваат во паркот пред МОН и таму ќе останат таму се додека не бидат слушнати нивните барања.
Како што изјавија од Средношколски пленум, дополнително ќе известат од кога започнува кампувањето и формирањето на „ средношколската слободна зона“.
14:13
Дел од атмосферата на денешниот марш преку видео
14:07
Цитирајќи го новинарот Никола Младенов, студентите и средношколците им порачаа на надлежните дека не сакаат да бидат „збирштина од безрбетници“ и ги повикаа наставниците и пробесорите „да не си ја ставаат како ној главата во земја“.
„Сведоци сме дека овие три недели си имавме рабора со полтрони. Студентите застанаа на браникот на поддршката и солидарноста. Нема квалитетно високо образование без квалитетно средно образование. Свесен ли сте министере дека не бркате од сопствената земја“, порачаа средношколците и студентите пред МОН.
На средношколците и студентите , како што јавуваат репортерите на Радио МОФ им се придружија бројни наставници, родители, професори, но и граѓани кои сакаат на овој начин да им дадат поддршка на учениците.
Додека се држат говорите, МОН е под силно полициско обезбедување, како надвор, така и внатре.
13:50
„ Сега ќе не слушнете“ скандираат студентите и средношколците. Илјадници лица маршираат кон Министерството за образование на третиот најмасовен средношколски марш поради лошите образовни реформи.
На средношколците и студентите , како што јавуваат репортерте на Радио МОФ им се придружија бројни наставници, родители, професори, но и граѓани кои сакаат на овој начин да им дадат поддршка на учениците.
13: 35
Илјадници лица, средношколци, студенти, професори, наставници се упатија кон МОН. Како што јавуваат репортерите на Радио МОФ, ова е најмасовен средношколски протест досега, на кој му се придружија голем број граѓани.
13: 20
Студентите и средношколците се сретнаа пред Влада. Непосредно по средбата на двата пленума, студентите легнаа на улица и изведоа перформанс, во спомен на загинатите колеги од Кенија.
13: 10
Со голема полициска придружба, скандирајќи „Екстерно за Владата“студентите го поминаа надвозникот и се движат по мостот „Гоце Делчев“.
13:09
„Доста беше молк“, „Не сте свесни колку сме бесни“ извикуваат средношколците кои стојат пред раскрсницата каде ги чекаат студентите да им се придружат.
13:00
Извикувајќи „Нема правда нема мир“, „Дојди и приклучи се“ студентите се движат кон Владата. Тие добиваат поддршка од минувачите, а возачите ги поздравуваат со свирежи од своите возила.
12:56
И средношколците предводени од Средношколскиот пленум тргнаа кон Владата.
12:50
Голема група студенти тргна од УКИМ кон Владата за да им даде поддршка на средношколците.
12:30
Се веат пароли „Не си го реформирај образованието министре“, „Еrror 404 sredba not found“, „И ние ли ќе бидеме заменети“…
12:17
[Видео]Учениците од гимназијата „Орце Николов“ собрани заедно пристигнуваат во Градскиот парк од каде што треба да започне маршот.
12:16
Студентите се собираат пред платото а УКИМ од каде ќе тргнат кон Владата каде ќе се сретнат со средношколците. Истовремено во Ректоратот на УКИМ се случува втора координативна средба меѓу претставници на Владата, Ректоратот и Студентскиот и Професорскиот за новиот закон за високо образование.
12:10
Протестираат и средношколците во Тетово. Учениците кои наставата ја следат на албански јазик им даваат поддршка на своите соученици во барањето за запирање на лошите образовни реформи. Тие се движат од улцата Илинденска кон градскиот плоштад во Тетово.
12:05
Големи групи од средношколци од сите страни се собираат во Градскиот парк. Со нив пристигнуваат и наставници, граѓани, родители.
11:50
Средношколците се собираат во Градски парк. Во големи групи тие се движат низ Скопје упарувајќи се кон зборното место.