Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“
-
ЛГБТИ Центарот за поддршка при Хелсиншкиот комитет за човекови права денес прави четири години од своето отворање. За тоа време, иако притисокот, нетолеранцијата и дискриминацијата врз заедницата се зголемиле како производ на отворено хомофобичната кампања на власта, од таму тврдат дека тоа само поттикнало поголема сплотеност, солидарност и борбата за правда.
Кочо Андоновски, програмски директор на ЛГБТИ Центарот за поддршка, вели дека Центарот бил отворен, како одговор на започнатата хомофобична кампања од страна на високи претставници на институциите на државата.
„Самото надградување на програмата во Центар за поддршка беше некој вид на најава дека работите не одат на подобро, туку напротив, на полошо. Од една страна ја имаме државата и нејзините институции, кои не препознаваат прекршување на права, не препознаваат насилство и не ги решаваат случаите на насилство, поради што воопшто не можеме да зборуваме за прогрес, туку само за регрес“, вели Андоновски.
А од друга страна, додава, позитивната страна на сета несреќа е што сето тоа довело до тоа организациите кои се занимаваат со човекови права на ЛГБТИ луѓето, да се свртат кон самата заедница и да ја зајакнат за да може поуспешно да се бори за своите права и да бара еднаквост во едно вакво општество.
Во јавните институции, вели тој, има голем број професионалци на пониско ниво, каде веќе не е потребна политичката волја за соработка. Центарот имал интеракција со луѓе кои, посочува дека ги разбираат проблемите и сакаат да помогнат. Но, проблемот се јавува кога е потребна политичката волја која треба да ја искажат оние кои се назначени функционери.
„Во последните 10 години ние имаме функционери со отворено хомофобична агенда и политичка волја нема. За жал, немаме пристап до јавните институции на начин на кој би си помогнале едни со други, се со цел да ѝ помогнеме една маргинализирана заедница или поединечни случаи во таа заедница“, нагласува Андоновски.
Биљана Гинова, ЛГБТИ активистка, потенцира дека образовните институции се уште едно место каде што за жал, во Македонија се раѓа хомофобијата, место да се сузбива.
Мало истражување од девојките во ЛезФем, лезбејската група во Центарот, во кое проверувале учебници, покажало дека во нашето образование пред сé се родово небалансирано прикажани улогите, со зацврстување на бинарните позиции и на некој начин го оправдуваат насилството врз жените, а има и учебници кои сé уште се користат на факултетите кои имаат директно хомофобична содржина. Надлежните институции не ги препознале како хомофобични, но на барањата да се разгледа тој дел, добиле одговор дека се работи за авторска слобода на авторите кои го напишале учебникот да користат референтен материјал по сопствен избор. Имало и случаеви каде хомофобната содржина едноставно се брише од учебникот без притоа да се замени со информации за хомосексуалноста, со што се придонесува кон помала видливост на заедницата.
„Образованието има многу силно влијание. Проблемот е што во самото образование се учи хомофобичноста. Не учиме да ги разбираме разликите и да ја почитуваме слободата за изразување. Проблем е и што немаме сеопфатно сексуално образование. Не се работи само за луѓе со различна сексуална ориентација, полови карактеристики или родов идентитет, туку сеопшто за сексуалноста како прашање. Тоа е сé уште табу, не се зборува за тоа. А, кога се зборува, се зборува на дискриминирачки начин“, вели Гинова.
Забележува и дека како и во останатите институции, и во образованието има поединци кои се желни за работа, па во воншколските активности воведуваат такво образование. На пример, по предметот Граѓанско општество се таргетираат и родовите улоги и сексуалноста, но дали ќе се предава за тоа на учениците, вели дека „останува на добрата волја на наставникот“. Но, од нивното искуство на терен, вели дека е видливо дека никој не го спроведува тоа.
Гинова како особен проблем го истакнува и укинувањето на единствениот факултет за родови студии, а на негово место воведување на факултет за семејни вредности.
„Тоа особено ја прикажува политичката волја, односно неволност и наметнувањето на некои партијархални, хетеронормативни вредности, со што се придонесува за бришење на ЛГБТИ луѓето во тие програми. И кога се прикажуваат како да постојат, прикажани се како болното во општеството кое треба да се отстрани“, смета Гинова.
Андоновски додава дека главен проблем кај нас е што оваа гарнитура на власт веќе цела деценија сака да наметне општествена рамка во која Македонија е прикажана како еднонационална, еднорелигиозна, хомогена држава.
„Непризнавајќи ја реалноста дека ние сме мултинационална, мултиконфесионална, мултикултурна држава, наметнуваат лажна слика и идентитет. Тоа причинува проблем и при себеидентификувањето на луѓето, во однос на тоа што сакаат, што мразат, што одобруваат, а што не. Нашата држава е како адолесцент, кој се обидува да се најде себеси. Како држава цело време нé држат во една таква состојба, без можност да матурираме“, забележува програмскиот директор на ЛГБТИ Центарот.
Тој смета дека со создавање на лажна слика во образованието, младиот човек е во конфузна состојба кога ќе се сретне со реалноста.
„Во таква состојба многу лесно може да се засадат идеи во главата на една млада личност кои се анахрони, националистички, фашистички и кои создаваат општество на нетрпеливост, место општество на сплотеност и толеранција“, заклучува Андоновски.
И двајцата се согласни дека дискриминација кон ЛГБТИ заедницата постои секаде: немаат еднаков пристап до вработување, до социјалните и здравствените услуги, па дури и при егзистирање на улица. Секој што изгледа различно на улица и не мора неопходно да припаѓа на некое родово или сексуално малцинство, е нападнат, дискриминиран и омаловажен.
„Поголемиот проблем со дискриминацијата на работното место доаѓа заради хомофобичната култура која владее во средината. Луѓето не се охрабруваат јавно да зборуваат за нивната сексуална определба, или доколку имаат варијабилен родов идентитет и слично. Едноставно не си даваат можност да зборуваат за тоа токму поради средината во која живееме“, смета Гинова.
Раскажува за случај во кој лице вработено во државна институција смета дека не го добило потребното унапредување, а подоцна и самиот ја напушти работата, поради притисок и дискриминација на работното место бидејќи јавно, или барем во своето опкружување, зборувал за својата сексуална ориентација.
Андоновски акцентира и дека огромен проблем е што заедницата нема верба во јавните институции, дека тие би ги заштитиле доколку нивните права се повредени.
„ЛГБТИ заедницата не живее надвор од ова општество, туку е дел од него. Но, како и многу други групи во последниве години, имаат изгубено верба во институциите дека ќе ги заштитат. Токму затоа и немаме многу пријавени случаи, бидејќи овие луѓе не веруваат дека институциите ќе им помогнат и ќе ги заштитат“, укажува тој.
Тоа можат да го потврдат и со истражување спроведено во ЛГБТИ заедницата, каде што за некои институции, повеќе од 75 проценти од испитаниците рекле дека не веруваат дека доколку пријават дискриминација, задолжената институција ќе ги заштити. Завршен судски случај за дискриминација или злосторство во омраза поради различна сексуална ориентација или родова припадност, во Македонија сé уште нема во Македонија.
Самиот Центар беше шест пати нападнат. Од тие шест напади, велат дека за пет има снимки од безбедносните камери. Тие снимки се искористени само еднаш, при напад на Центарот на 2 март 2013 година, во рамки на протест за поддршка на изборот на Талат Џафери како Министер за одбрана. Обвинителството ги искористило тие снимки во многу брза постапка, и самиот чин бил окарактеризиран како злосторство од омраза, но не врз основ на омраза кон луѓе со различна сексуална ориентација и родов идентитет, туку врз основ на етничка и религиозна нетрпеливост.
„Не треба да си политички аналитичар или експерт за да сфатиш дека намерата на луѓето кои се на власт беше да го искористат тој случај за да поттикнат и засилат меѓуетничка нетолеранција“, смета Гинова.
Тоа, додава Андоновски, ја покажува и поврзаноста на власта со обвинителството и судството. Од вкупно шест напади, само за тој биле земени предвид снимките од безбедносните камери.
Фокусот го ставаат на јакнење на самата заедница и допирање до понедостапните средини, како помалите и порурални места, преку делење материјали и одржување на настани кои би ги информирале луѓето и би им понудиле пристап до информации.
„Да им понудиме материјали за надоградување на она што го знаат и да поддржиме формирање групи за поддршка во помалите места би променило многу. Позицијата да се биде лезбејка во Битола, во некое струмичко село, или во Скопје не е иста. Секако, ние овде сме многу привилегирани со тоа што имаме заедница, поврзаност со ЛГБТИ луѓе и од регионот, пристап до информации и тие привилегии треба да ги искористиме да креираме безбедни простори за размена на искуствата, стравовите и стремежите за нашата егзистенција како припаднички и припадници на сексуални и родови малцинства. Јас сметам дека таквите размени на искуства придонесуваат за себереализирање, разбирање и на тој начин се станува посилна личност која може да се бори со системот кој е очигледно неправеден“, смета Гинова.
Целта им е да станат поприсутни внатре во заедницата и во другите места низ државата. Планираат зајакнување на шест јадра на локално ниво во текот на следната година и нивно вмрежување, со цел да се зајакнат ЛГТБИ заедниците.
Стефанија Тенекеџиева
-
KATËR VEJT LGBTI QENDËR PËR MBËSHTETJE – LUFTË PËR BARAZI NE SISTEM TË HELMUAR NGA HOMOFOBIA DHE JO TOLERANCA
LGBTI Qendra për Mbështetjen pranë Komitetit të Helsinkit për të Drejtat e Njeriut, sot shënon katër vjetorin e hapjes. Për këtë kohë, edhe pse presioni, jo toleranca dhe diskriminimi mbi komunitetin kanë shënuar rritje si prodhim i fushatës së hapur homofobe të qeverisë, prej atje pohojnë se kjo, ka rezultuar me bashkimin e tyre më të madh, solidaritet dhe luftë për drejtësi.
Koço Andonovski, drejtor programues i LGBTI Qendrës për Mbështetje, thotë së Qendra është hapur, si përgjigje ndaj fushatës homofobe nga përfaqësues të larët të institucioneve shtetërore.
“Vetë mbi ndërtimi i programit në Qendër për Mbështetje, ishte një formë paralajmërimi se punët nuk ecin në drejtimin e duhur, por përkundrazi po përkeqësohen. Nga njëra anë e kemi shtetin dhe institucionet e saj, të cilat nuk identifikojnë shkeljen e të drejtave, nuk identifikojnë dhunë dhe nuk i zgjidhin rastet e dhunës, për çka aspak nuk mund të flasim për progres por për regres”, thotë Andonovski.
Nga ana tjetër, shton ai, ana pozitive e gjithë kësaj fatkeqësie është ajo se ka rezultuar me atë që organizatat të cilat merren me të drejtat e njeriut të LGBTI personave, ti përkushtohen komunitetit dhe ta përforcojnë me qëllim më me sukses të luftojë për të drejtat e veta dhe të kërkojë barazi në një shoqëri të këtillë.
Në institucionet publike, thotë ai, ka numër të madh të profesionistëve në nivel të ulët, Ku tani më nuk nevojitet vullnet politik për bashkëpunim. Qendra ka pasur interaksion me njerëz të cilët, thonë se i njohin problemet dhe se dëshirojnë të ndihmojnë. Por, problemi paraqitet kur nevojitet vullnet politik i cili dihet të shprehet nga ata që janë emëruar si funksionarë.
“Gjatë 10 viteve të fundit, ne kemi funksionarë me agjendë të hapur homofobe dhe mungon vullneti politik. Për fat të keq, nuk kemi qasje drejt institucioneve publike në mënyrë që të ndihmojmë njëri tjetrin, gjithnjë me qëllim ti ndihmojnë një komuniteti të margjinalizuar ose rasteve individuale të atij komuniteti”, thekson Andonovski.
Biljana Ginova, LGBTI aktiviste, thekson se institucionet arsimore janë edhe një vend shtesë, ku për fat të keq, në Maqedoni lind homofobia, në vend se të zhbëhet.
Një hulumtim i vogël nga vajzat e LezFem, grup lezbike të Qendrës, gjatë së cilit hulumtim kanë analizuar librat shkollor, ka dëshmuar se në arsimin tonë para së gjithash rolet janë të shfaqura në mënyrë që nuk janë të balancuara nga aspekti gjinor, me përforcimin e pozitave binare dhe në një lloj mënyre arsyeton dhunën ndaj grave, ndërsa ka edhe libra shkollor të cilët ende përdoren në fakultete të cilat kanë përmbajtje drejtpërdrejtë homofobe. Institucionet kompetente nuk i kanë identifikuar si homofobe, por me kërkesë të shqyrtohet ajo pjesë, kanë marrë përgjigje se bëhet fjalë për liri të autorit të autorëve të cilët e kanë shkruar librin, të cilët mund të përdorin material referent sipas zgjidhjes së tyre të lirë. Ka pasur edhe raste kur përmbajtje homofobe thjesht fshihet nga libri shkollor pa u zëvendësuar kjo me informatë në lidhje me homoseksualitetin, me çka kontribuohet që ky komunitet të bëhet më i dukshëm.
“Arsimi ka ndikim shumë të fuqishëm. Problemi qëndron në atë se në vetë arsimin mësohet homofobia. Nuk mësojmë ti kuptojmë dallimet dhe të respektojmë lirinë e të shprehurit. Problem paraqet edhe ajo që nuk kemi arsim seksual gjithëpërfshirës. Nuk bëhet fjalë vetëm për njerëz me orientim të ndryshëm seksual, karakteristika gjinore ose identitet gjinor, por në përgjithësi për seksualitetin si çështje. Kjo ende paraqet tabu temë, nuk flitet për këtë. Ndërkaq, kur flitet, kjo bëhet në mënyrë diskriminuese”, thotë Ginova.
Thotë se njëlloj si në institucionet të tjera, edhe në arsim ka individë të cilët kanë dëshirë të punojnë, dhe në aktivitetet jashtë shkollore inkorporojnë arsim të këtillë. Për shembull, në lëndën Shoqëri qytetare, trajtohen edhe rolet gjinore dhe seksualiteti, por nëse do tu ligjërohet si mësim nxënësve, thonë se: “kjo është në dorën e vullnetit të mirë të mësimdhënësit”. Por, nga përvoja e tyre në teren, thotë se shihet që askush nuk e ligjëron këtë njësi mësimore.
Ginova si problem themelor e thekson edhe mbylljen e fakultetit të vetëm për studime gjinore, ndërsa në vend të tij u hap fakulteti për vlera familjare.
“Kjo në veçanti e shfaq vullnetin politik, respektivisht mos pasjen e vullnetit dhe imponimin e disa vlerave patriarkale, hetero normative, me çka kontribuohet drejt shlyerjes së LGBTI personave nga ato programe. Edhe kur tregohen që ekzistojnë, tregohet si pjesa e sëmurë e shoqërisë e cila duhet të largohet”, konsideron Ginova.
Andonovski, shton se problem kryesor te ne është ajo që kjo garniturë në pushtet tani më për një dekadë dëshiron të imponojë kornizë shoqërore në të cilën Maqedonia shfaqet si një nacionale, një fetare, shtet homogjen.
“Duke mos e pranuar realiteti se ne jemi shoqëri multinacionale, multifetare, multikulturore, imponojnë imazh dhe identitet të rremë. Kjo paraqet problem dhe gjatë vetë identifikimit të njerëzve, në raport me atë qe e duan, që e urrejnë, që e aprovojnë, dhe atë që nuk e aprovojnë. Shteti jonë është si adoleshent, i cili përpiqet të zbulojë veten. Si shtet gjithë kohës na mbajnë në gjendje të këtillë, pa mundësi të kryejmë maturën, thotë drejtori programues i LGBTI Qendrës.
Ai konsideron se me krijimi e një imazhi të rremë në arsim, njeriu i ri është në gjendje konfuze kur do të takohet me realitetin.
“Në një gjendje të këtillë është shumë lehtë ti mbillen ide në kokë një të riu, ide anakronike, nacionaliste, fashiste dhe të cilat krijojnë shoqëri të mos pasjes së tolerancës, në vend të krijojnë shoqëri të bashkuar dhe tolerante”, përfundon Andonovski.
Që të dy pajtohen se diskriminimi ndaj LGBTI komuniteti ekziston kudo: Nuk kanë qasje të barabartë për punësim, për shërbime sociale dhe shëndetësore, madje edhe gjatë ekzistimit në rrugë. Secili që duket ndryshe në rrugë dhe nuk duhet detyrimisht ti takojë ndonjë pakice gjinore ose seksuale, sulmohet, diskriminohet ose ofendohet.
“Problemi më i madh me diskriminimin në vendin e punës vjen si rrjedhojë e kulturës homofobe e cila prevalon në shoqëri. Njerëzit nuk inkurajohen publikisht të flasin për përcaktimin e tyre seksual, ose po nëse kanë identitet gjinor variabil dhe ngjashëm. Thjesht, nuk i japin mundësi vetes të flasin në lidhje me këtë, pikërisht për shkak të mjedisit në të cilin jetojmë”, konsideron Ginova.
Tregon për një rast kur një person i punësuar në institucion shtetëror mendon qe nuk ka fituar avancimin në punë, ndërsa më vonë vetë largohet nga puna, për shkak të presionit dhe diskriminimit në vendin e punës, sepse publikisht ose të paktën në rrethinën e tij ka folur për orientimin e tij seksual.
Andovski, thekson edhe atë se problem të madh paraqet fakti se komuniteti nuk ka besim në institucionet publike, se ato do ti kishin mbrojtur në rast se shkelet e drejta e tyre.
“LGBTI komuniteti nuk jeton jashtë kësaj shoqërie, por është pjesë e saj. Por, si edhe shumë grupet të tjera, vitet e fundit, kanë humbur besimin në institucionet se ato mund ti mbrojnë. Pikërisht për këtë shkak edhe nuk ka shumë raste të denoncuara, sepse këta njerëz nuk besojnë se institucionet do tu ndihmojnë dhe do ti mbrojnë”, thotë ai.
Këtë mund ta vërtetojnë edhe me hulumtimin e kryer në LGBTI komunitetin, ku për disa institucione, më shumë se 75% e të anketuarve kanë thënë se nuk besojnë se nëse paraqesin diskriminimin, do ti mbrojë institucioni kompetent. Rast gjyqësor i përfunduar për diskriminim ose krim nga urrejtja për shkak të orientimit të ndryshëm seksual ose përkatësisë gjinore në Maqedoni ende nuk ekziston.
Vetë Qendra, është sulmuar gjashtë herë. Nga ato gjashtë herë, thonë se për pesë herë nga incizime nga kamerat e sigurisë. Ato incizime janë përdorur vetëm një herë, gjatë sulmit të Qendrës më 2 mars 2013, në suazat e projektit për mbështetjen e zgjedhjes së Talat Xhaferit për ministër të Mbrojtjes. Prokuroria i përdori këto incizime në një procedurë shumë të shpejtë, dhe vetë akti është karakterizuar si krim nga urrejtja, por jo në bazë të urrejtjes ndaj njerëzve me orientim të ndryshëm seksual dhe identitet gjinor por mbi bazë të jo tolerancës etnike dhe religjioze.
“Nuk duhet të jesh analist politik ose ekspert që të kuptosh se qëllimi i njerëzve të cilët janë në pushtet ishte ta shfrytëzojnë atë rast që të nxisin dhe të përforcojnë jo tolerancën ndër etnike”, konsideron Ginova.
Kjo, shton Andovski, e tregon edhe lidhjen e pushtetin me prokurorinë dhe gjyqësorin. Nga gjithsej gjashtë sulme, vetëm për atë janë marrë parasysh incizimet nga kamerat e sigurisë.
Fokusin e vendosin te përforcimi i vetë komunitetit dhe të prekin deri te mjediset më pak të arritshme, në vendet më të vogla dhe më rurale, nëpërmjet ndarjes së materialeve dhe organizimit të evenimenteve të cilat do të informojnë njerëzit dhe do tu ofrojnë qasje drejt informatave.
“Tu ofrojmë materiale për të plotësuar atë që e dinë dhe të mbështesim formimin e grupeve për mbështetje në vendet më të vogla, do të rezultonte me ndryshim të madh. Pozita e të qenit lezbike në Manastir, në ndonjë fshat të Strumicës, ose në Shkup nuk është e njëjtë. Sigurisht, ne këtu jemi shumë të privilegjuar me atë që kemi komunitet, lidhje me LGBTI personat edhe nga rajoni, qasje drejt informatave dhe këto privilegje duhet ti shfrytëzojmë që të krijojmë hapësira të sigurta për këmbimin e përvojave, qëndrimeve dhe synimeve për ekzistencën tonë si pjesëtare dhe pjesëtarë të pakicave seksuale dhe gjinore. Unë konsideroj se shkëmbimet e këtilla të përvojave kontribuojnë për vetë realizim, kuptim dhe në këtë mënyrë bëhesh person më i fuqishëm i cili mund të luftojë me sistemin i cili evidente është i pa drejtë”, konsideron Ginova.
Qëllimi i tyre është të bëhen të pranishëm brenda në komunitet dhe në vende të tjera nëpër shtet. Planifikojnë përforcimin e gjashtë bërthamave në nivel lokal gjatë vitit tjetër dhe rrjetëzimin e tyre, me qëllim të përforcohet LGBTI komuniteti.
Stefanija Tenekexhieva