Ферат Елези, Башким Бесими, Џељаљ Бајрами и Исмаил Дардишта, јавни обвинители од Јавното обвинителство на Македонија, преку соопштение до јавноста објаснуваат дека со преквалификацијата на случајот со смртта на малиот Алмир од „Убиство“ во „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ се повредени основните начела на законот за јавното обвинителство.
Тие велат дека се повредени начелата на законитост, непристрасност, објективност и заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот кои водено се и основни и темелни вредности на Уставот на Република Македонија.
„Ние јавните обвинители во ЈОРМ уште од почетокот при реферирањето по овој случај сме имале став и се уште остануваме на тој став дека обвинителниот акт КО бр.697/2016 од 19.12.2016 година на ОЈО Куманово кореспондира во целост со дејствијата на обвинителот како што и бил првично обвинет за кривично дело Убиство“, посочуваат четирите јавни обвинители кои се потпишани на соопштението.
Преквалификацијата на делото беше направено од обвинителката на вчерашното рочиште во кумановскиот суд, при изнесување на завршните зборови на судењето против обвинетиот Бобан Илиќ, кого Обвинителството го гони за убиство на четиригодишниот Алмир.
Македонската јавност пред две години ја потресе случајот со четиригодишниот Алмир од Куманово, кој беше прегазен, по што почина. На случката ѝ претходела расправија меѓу родителите на детето и обвинетиот за прегазувањето. Ден по информацијата за неговата смрт, беше објавен и видеозапис од немилиот настан.
На судскиот процес му претходеа повеќе протести за малиот Алмир и остро се осудуваа обидите да се направи преквалификација на кривичното дело. Со нив се бараше неселективна правда, како и Јавното обвинителство на Република Македонија, но и од Јавните обвинители како носители на функции, стручно и совесно да ја вршат нивната функција.