Илјадници демонстранти кои протестираат поради полициската бруталност, револтирани од обидот за сокривање на убииството на Мартин Нешковски, се упатија кон Собранието. Откако полицијата го блокираше целиот пристап до Владата, каде што првично беше најавен протестот, граѓаните се движат кон собраниската зграда.
„Нема правда нема мир“ скандираат присутните кои ги повикуваат останатите граѓани да им се приклучат на протестот. Голема група демонстранти се придружи кон останатите кај Соборната Црква.
Ова е втор протест поради полициската бруталност по вчерашниот во кој беа повредени десетици лица. Неколку илјадници демонстранти вчера излегоа пред Владата револтирани од обидот на власта да ја сокрие вистината околу убиството на Мартин Нешковски, пред 4 години. Гневот го разгоре последната „бомба“ на опозицијата во која беа пуштени аудио записи од раководството на власта во која тие зборуваат за случајот убиството на Нешковски.