Во новата епизода на анимираната серија Loud House, која премиерно ќе се емитува оваа недела, ќе биде претставен првиот геј брачен пар во детски серијал.
„Ова е тоа. Време е да правиме историја“, вели Линколн Лауд, лик од анимираниот серијал Loud House на телевизијата Nickelodeon, во клип од шоуто кој кружи на Твитер. Тој ја отвора влезната врата од својот дом за да ги запознае родителите на неговиот најдобар пријател – двајца мажи, црнец и белец, кои се во брак.
Time to make history indeed! First married gay couple on a Nickelodeon cartoon!https://t.co/CI5NPmd7JU
— ㅤ (@Ieodavinci) July 16, 2016
Господин МекБрајд и господин МекБрајд, како што ги нарекува Линколн, ќе дебитираат во шоуто во среда, како првиот брачен геј пар на детска телевизија. Но, ова не е прв пат Nickelodeon или друга детска телевизија да има ЛГБТ ликови во своите серијали.
Обожавателите го поздравија шоуто за приказот на двајцата татковци, бидејќи местод а се фокусира на нивната сексуална ориентација, епизодата претежно се однесува на нивните одлики како премногу заштитнички настроени родители. Во епизодата именувана Overnight Success, родителите го носат својот син во куќата на пријателот, каде треба да преспие, со навлажнувач за воздух, машина за бел звук, тампони за уши, лекови за алергија, фотографија од семејството и неколку телефонски броеви во случај нивните мобилни телефони да не функционираат.
Според корисниците на Твитер, реакцијата на одлуката на Nickelodeon е особено позитивна.
Thank you Loud House, for these wonderful gay dads
— Knight/Elymas (@knightlyhonors) July 16, 2016
The Loud House has an unambiguous gay married couple that isn’t an excuse for a punchline, God bless Nickelodeon.
— Kevin vs TFOE (@CCharmanderK) July 18, 2016
Loud House, серијал кој ја раскажува приказната на момче кое има десет сестри, беше премиерно емитуван на Nickelodeon на 2 мај. Според Variety, серијалот има 1,8 милиони гледачи пред да биде обновен со втора сезона на 25 мај.
Извор: Guardian