Разговор со Андреа Варијале, докторанд на урбана географија на Универзитетот Баухаус во Вајмар, за приказната на некои од окупираните простори во Неапол организира Левичарското движење Солидарност. Настанот ќе се одржи во четврток (11 февруари), во просториите на Солидарност. Андреа Варијале ќе предава на истата тема и во Битола, во сабота (13 февруари).
„Овие окупации се инспирираат од идеалите на заедништво и отвореност. Тие ја отелотворуваат критичката алтернатива на комерцијализацијата на заедничките простори во градот, издавањето обврзници за нив, како и самиот недостаток од истите.
Од една страна, овие простори се отворени, но автономни – практикуваат уметничка и културна автономија. Тоа го постигнуваат со тоа што се домаќини на различни активности, како на пример уметнички пеформанси, концерти, алтернативни кино проекции, самоорганизирани библиотеки и дебати.
Истовремено овие простори се длабоко политизирани и насочени кон надворешниот свет. Преку осмислување нови законски норми за управување со урбаниот простор, и преку нудење социјални услуги (како на пример правно советување за привремените и експлоатираните работници), бесплатни медицински посети, социјална помош за децата со посебни потреби, овие простори ги нагласуваат неуспесите на социјалната државата и нудат квалитетна алтернатива.
Во контекст окарактеризиран со економската криза од крајот на 2000-тите години, мерките за штедење и кратењата на социјалните трошоци, како и опаѓањето на кредибилитетот на традиционалните партии, можеби не изненадува фактот што во Италија оживеаја политичките превирања. Протестите во неколку италијански градови кулминираа со окупации на важни и симболични објекти. Неапол не беше исклучок од ова. Всушност, повеќето окупации во историјата на градот се случија во последните пет години. Која е нивната цел? Што им овозможи на овие движења да продолжат со борбата? Што е специфично за Неапол? И што може оваа приказна да понуди за движењата кои имаат слични интереси?“се стои во поканата за настанот.
Разговорот ќе се одвива на англиски јазик.