Самоорганизираната студентска иницијатива од Белград сооошти дека денеска биле покренати дисциплински постапки против два студенти на Филозофскиот факултет поради „мистериозните случувања на 24 октомври“, јавуваат српските медиуми.
Дисциплинските постапки се однесуваат на предизвикување тепачки, нереди или учествување во тепачка внатре или во дворот на факултетот. Управата претходно се закани дека дека ќе ги санкционира, односно дека ќе поднесува прекршочни и кривични пријави за студентите кои ја попречуваат наставата, тврдејќи дека повеќето нивни барања се исполнети.
Претставниците на студентската инцијатива изјавиле дека ниту еден од студентите не учествувале во тепачките.
Еден од студентите кому е упатена дисциплинската постапка, Урош Кириљук изјави дека на 24 октомври немало никаква тепачка и дека пријавата не била правилно напишана.
„При поднесување на пријава мора да се назначи начинот на кој е извршен прекршокот, нешто што не е назначено во пријавата за мене, ниту ми е познато што сум направил“, рече Кириљук.
Тој додаде дека вчера му стигнала телеграма на неговата куќна адреса, иако управата според него знае дека живее во студентски дом во Белград.
Тој е избран за еден од трите претставници на студентите во преговорите со управата на Филозофскиот факултет, но на 28 октомври, студентскиот продекан за финансии не му дозволи да учествува во преговорите.
Пред една недела, додека Управата на факултетот се подготвувала да одржи седница, ги обвинила студентите дека поради блокадата не можат да влезат во амфитеатарот. Со оглед на тоа дека студентите не сакале да се поместат од влезот во амфитетарот, управата го повикала обезбедувањето, по што дошло до туркање.
По ова, се појавил професор со фотоапарат, кој одел од еден на друг студент и ги фотографирал. Еден од студентите ја ставил раката на блицот, по што професорот реагирал бурно, и почнал да вика „престанете да ме допирате“ по што заминал.
Студентите го блокираат факултетот веќе три недели, откако Управата донесе одлука дека со 48 бодови може да се финансира студирањето на товар на државата, но преостанатите 12 бодови кои ги пренесуваат ќе мора сами да ги платат.
Студентите негодуваат и поради тоа што во четврта година која поради наставните предмети носи 72 бода, факултетот им дозволува да пријават максимум 70 бодови.
Самоорганизираната студентска иницијатива најостро го осудува ваквото третирање на студентите и смета дека е крајно време таквите застарени тактики на заплашување и понижување на студентите да се остават во минатото.
Извор: RTV