Ирецот Вилијам Кембл, Јапонецот Сатоши Омура и Јују Ту од Кина се добитници на Нобеловата награда за физиологија или медицина за оваа година. Наградата ја добиваат за новите методи, кои го унапредиле лекувањето на паразитски болести, меѓу кои и маларијата.
Половина од наградата и припадна на Јују, а останатата половина ја делат Кембл и Омура.
Лауреатите за Нобелова награда за физиологија или медицина се одредуваат од Кралскиот Каролински медицинско-хируршки институт во Стокхолм. Наградите се доделуваат од кралот на Шведска на церемонија во Стокхолмската концертна сала на 10 декември, на денот на смртта на основачот на Нобеловата награда Алфред Нобел.
Првата Нобелова награда за физиологија или медицина е доделена во 1901 година на Елим Адолф фон Беринг за неговата работа на серумската терапија, специјално во случаи на дифтерија. Лани Нобеловата награда во оваа област ја добија Американецот Џон О’Киф и норвешкиот брачен пар Меј Брит и Едвард Мозер за откривање на клетки, кои го сочинуваат позициониот систем во мозокот.