Документарниот филм „Посебна крв“ на американската режисерка Натали Мецгер, ќе се прикаже во сабота во Кино Фросина, Младински културен центар – Скопје во 19:30 часот. На проекцијата најавено е присуство и на авторката.
Филмот раскажува четири вистинити приказни за пациенти со ретката болест хередитарен ангиоедем – ХАЕ, кои заеднички се борат со предизвиците на нивната животно загрозувачка состојба во здравствен систем кој го игнорира нивното постоње.
„Посебна крв“ се обидува да го промени овој игнорантски однос и да ги прикаже неверојатните и инспиративни приказни на овие пациенти, кои се поддржуваат меѓусебно и создаваат заедница која ја менува иднината за пациентите од ХАЕ на глобално ниво“, стои во објаснувањето на режисерката, која вели дека остварила многу лична поврзаност со пациентите чии приказни ги прикажала во филмот.
По документарецот, најавен е разговор и дискусија со Мецгер, која и самата е пациент од ХАЕ.