Американскиот „свиркач“ Edward Snowden, кој му откри на светот дека Националната агенција за безбедност на САД (NSA) организирано прислушувала милиони луѓе низ светот, од вчера има профил на социјалната мрежа Твитер.
За само 15 часа, Snowden собра над 900.000 следачи, а тој самиот следи само еден акаунт – оној на NSA.
Can you hear me now?
— Edward Snowden (@Snowden) September 29, 2015
32-годишниот Snowden, кој е на непозната локација во Русија, каде се крие од американските власти кои го товарат за шпионажа, веднаш влезе во директна комуникација со дел од неговите следачи на Твитер, а постираше и неколку твитови. NSA за американските медиуми не даде коментар за појавувањето на Snowden на социјалната мрежа, но неговиот прв твит беше поздравен од привремениот прв човек на Твитер, Jack Dorsey:
Yes! Welcome to Twitter. https://t.co/gUBQpET6Gg — Jack (@jack) September 29, 2015
Во правилата за користење на Твитер стои дека компанијата не дозволува користење на социјалната мрежа за „незаконски активности“, што имплицира дека за Твитер не претставува криминал тоа што Snowden ќе ја користи мрежата додека е во бегство од американските истражни органи. Во едно неодамнешно интервју, тој откри дека е загрижен оти користењето на социјалните мрежи може да ја загрози неговата безбедност, велејќи дека постојано мора да внимава и да презема мерки за заштита.