Загадувањето на воздухот во Скопје и Тетово е повторно неколку пати над дозволеното, откако изминатите неколку дена имаше привременото намалување на концентрацијата на РМ10 честички поради врнежите на снег.
Во Центар во моментов има 423 микрограми PM10 на метар кубен, или 8 пати повеќе од дозволените 50 mg/m3.
Мерната станица во Лисиче пак покажува загадување од 434 mg/m3. Високи концентрации на ПМ10 честички во воздухот, познати и како прашина, се забележуваат и во сите скопски општини каде што има поставено мерни станици.
Мерната станица во Тетово покажува 241 mg/m3, а максималната граница во текот на последните 24 часа била пречекорена речиси двапати. Според апликацијата МојВоздух, во овој град загадувањето е над максималната дозволена граница повеќе од 30 дена.
Високо аерозагадување со прашина во воздухот денеска се забележува и во Кичево и изнесува 116 микрограми на метар кубен ПМ10 честички.