59 отсто од граѓаните немаат пари да јадат во ресторан еднаш месечно, 78 отсто немаат пари да си купат парче нова облека или обувки, 68 отсто да посетат кино или театар, а 91 отсто да одат на козметички третман.
34 отсто од граѓаните не можат да си дозволат ништо од горенаведеното, односно тие не само што се сиромашни, туку и се социјално искчучени, неинтегрирани во општеството.
Ова се разочарувачки податоци од анкетата на Институт „Фајненс тинк“, кои покажуваат дека во земјава крпен живот живее секој трет граѓанин.
За 78 отсто од населението платата или пензијата се основен извор на пари, а другите преживуваат со помош родителите, роднините или со социјална помош. Поради недостиг на средства, 28.4 отсто од граѓаните не успеваат да ги задоволат потребите за храна и сметки во месецот.