На патниот правец Штип-Радовиш активисти поставиле косач на смртта, како предупредување за големиот број сообраќајни несреќи кои се случуваат по македонските патишта.
„Со оваа акција сакаме да посочиме за лошата состојба на патиштата но и на возачката некултура и агресија поради што косачот на смртта демне на македонските патишта“, појаснуваат организаторите на оваа герила-акција.
Тие додаваат дека овој патен правец е еден од најопасните во земјата и дека, на него, поради лошата состојба на патот и пребрзото возење, секоја година се случуваат сообраќајни несреќи со смртни последици.
„Во 2016 година бројот на сообраќајни несреќи се зголемил за 10 % во однос на претходната година. Само за шест месеци живот во сообраќајни несреќи го изгубиле 85 лица“, велат во описот на фотографијата.