[Фото]Граѓаните во шок, се бетонира детското игралиште на „Мексичка“

Машината за бетон пристигна на детското игралиште на ул. Мексичка. Граѓаните се во шок. Кранот од улицата, преку Мексичкиот споменик,  почна да го бетонира местото каде што до неодамна си играа децата од Тафталиџе 1.

Ова е вистинско насилие, револтирани се граѓаните.  Веќе две седмици со сите сили се обидуваа да го зачуваат зеленото катче на улицата Мексичка, на кое непосредно по локалните избори почна да се гради станбен објект.

Тие објаснуваат дека и самиот градоначалник на општина Карпош пред избори им ветил дека нема да го изгубат игралиштето, а само еден месец подоцна багерот почна да го преорува местото.

Главниот пристап до детското игралиште останува блокиран од автомобилите на локалните   жители.  На објектот кој никнува до нивниот дом нема табла,  кој гради и што се гради.

Од „Граѓанската иницијатива Мексичка“ за утре најавија голем протест и целодневен хепенинг пред Мексичниот споменик, за да уште еднаш да побараат спас за детското игралиште.

Граѓаните во шок, се бетонира детското игралиште на „Мексичка“

Граѓаните во шок, се бетонира детското игралиште на „Мексичка“

Граѓаните во шок, се бетонира детското игралиште на „Мексичка“

photo(3)

photo(2)

Граѓаните во шок, се бетонира детското игралиште на „Мексичка“

Граѓаните во шок, се бетонира детското игралиште на „Мексичка“

Ј.Ј.