[Фото] Граѓански протест пред „Сити мол“ против урбанистичките планови за Карпош

Граѓани од скопските населби Тафталиџе, Карпош 3 и Карпош 4, извикувајќи „Уа мафија“ и носејќи транспаренти со натпис „Децатаа заслужуваат чист воздух“, точно напладне ја блокираа крстосницата кај „Сити мол“ на булеварот “Партизански Одреди” во знак на протест поради урбанистичките планови кои пред неколку недели ги усвои Општина Карпош. Според граѓаните, ова ќе значи „бетонизација“ на нивната населба, затоа што со новите ДУП-ови, предвидено е да се градат паркинзи, катни гаражи и деловни објекти на местата каде што сега има паркови и зеленило. Новите планови беа донесени за време на новогодишните празници, без учество на јавноста.

„Ги повикуваме сите сограѓани од Карпош да ни се придружат на граѓанскиот протест, на получасовната блокада. Да излеземе и да се спротиставиме на урбаната мафија во Карпош. Да се спротиставиме на сечата на дрвја и зелени површини за сметка на нови згради. Да побараме укинување на урбанистичките планови, кои беа донесени без знаење на граѓаните, во нетранспарентна постапка“, стоеше во повикот за протест од иницијативниот одбор.

Погледнете ја атмосферата на денешниот протест од фотографиите и снимката на @razvigor

karp-2

karp-4

karp-5