Средношколците од Кавадарци и денеска излегоа на протестен марш незадоволни од новиот концепт на државната матура со кој сите матуранти ќе треба да го полагаат предметот математика.
Средношколците се собраа кај гимназијата „Добри Даскалов“, по што тргнаа да маршираат низ центарот на Кавадарци, за протестот да го завршат пред општинската зграда.
Учениците за Радио МОФ велат дека со секој марш растат притисоците кон средношколците, но уште повеќе кон нивните родители на кои им се заканувале со бркање од работа или со праќање инспекции.
Сепак, учениците од Кавадарци велат дека не се откажуваат од своите барања.
„Како и минатиот пат, така и овојпат нашите барања се исти. Не го менуваме нашиот став дека сме против задолжителното полагање математика на матура, сме против двојното полагање предмети и остануваме на барањето оценките од екстерното да не влијаат на упехот“, вели еден од средношколците кои денеска излегоа на протест во Кавадарци.
Ова е веќе четврти протест на средношколците од Кавадарци, а тие неколку дена целосно ја бојкотираа целосно редовната настава.