Извикувајќи „Доста беше молк“, неколку стотици наставници, членови на Наставничкиот пленум, се собраа на протестен собир пред Министерството за образование и наука, барајќи да се повлечат спорните образовни реформи.
Наставниците носат транспаренти на кои пишува „Вратете ни го достоинството“, „Реформи да, проформи не“, „Наставникот и ученикот се повеќе од резултат на тест“, „Училиштето не е ваша лабораторија“.
„Бидејќи Министерството ни донесе лоши реформи, денеска се собравме на мирен протест, затоа што сакаме квалитетно образование. Не можевме да го одржиме протестот во работен ден поради притисоците. Не можевме ниту вчера бидејќи во некои училишта се одработуваше и саботата. Затоа, тука сме да покажеме дека сме храбри“, велат наставниците.
„Бидејќи досега не сакаа да не слушаат, затоа им дојдовме пред врата“, рече еден од наставниците-учесници на протестот.
Прочитајте го комплетниот извештај од протестот на Наставничкиот пленум.