[Фото] Повторно се сечат дрвја во Центар

Сечата на дрвја во општина Центар продолжува. Повеќе граѓани утрово на социјалните мрежи бурно реагираа откако на улица Македонија забележале како повторно се сечат дрвја.

[Фото] Повторно се сечат дрва во Центар

ФОТО: Филип Стојановски

„На кому му требаат дрва, кога си имаме фонтани“, пишуваат граѓаните на Фејсбук, револтирани од односот на градските власти кон уште оние малку дрва кои останаа во централното подрачје.

На Твитер исто така следеа бурни реакции, а на еден од твитовите одговори и Град Скопје, од каде велат дека дрвјата на улица Македонија биле исечени бидејќи биле заболени.

„Станува збор за сечење на 2 костени, бидејќи стеблата биле заболени и во фаза на сушење“, гласи твитот на Град Скопје упатен до граѓанка која ги прашува на што се должи утринската дрвосеча.

Сепак, граѓаните не веруваат во ова образложение и бараат докази на што се должи ваквата оценка на градските власти.