[Фото] Протест во Тетово за чист воздух

Под мотото „Не молчи, крени го гласот“ неколку стотици граѓани попладнево во Тетово излегоа на најавениот протест против енормното загадување на воздухот во градот.

Како што соопштија организаторите на протестот, тетовското здружение „Еко герила“ нивното единствено барање е итно поставување филтри на „Југохром“. Оттаму додаваат дека не сакаат вработените да останат на улица , но се загрижени ако комбинатот и понатаму продолжи да работи без неопходните еколошки стандарди.

„До кога ќе труе Југохром, до кога граѓаните од Попошко ќе дишат загаден воздух на сметка на бизнис интересите?“- праша на протестот Аријанит Џафери од  „Еко герила“.

Од здружението велат дека ќе ги преземат сите демократски мерки, почнуваат со протест, а најавуваат и жалба пред Уставниот суд по член 43 од Закон за животна средина кој им гарантира на граѓаните чист воздух.

20141107_131845

20141107_130312

20141107_1319372-1024x768