На интернет се појави веб страница на која македонски дизајнери споделуваат свои дела – постери, со кои се обидуваат да ги потенцираат лошите нешта во нашето општество.
Како што пишуваат, „#Гласампротив е иницијатива на група македонски дизајнери за рушење на диктатурата во која сите сме заробени“.
Повикуваат на 11 декември да се гласа по сопствена волја, но против корумпираност, криминал, партиско вработување, тортура, условување и за право на слободен говор.