[Галерија] Граѓаните од Железара на нов протест поради загадувањето

Извикувајќи слогани како „Сакаме чист воздух“ и „Уа Железара“ граѓаните од кои најголем дел живеат во населбата Железара и денеска протестира против еден од најголемите загадувачи во Скопје , фабриката „Макстил“ сместена во некогашниот индустрискиот комплекс на скопската железарница.

Железара

Тие го стопираа сообраќајот и ги блокира улиците, прво пред влезот на комплексот, а потоа продолжија до булеварот „Александар Македонски“револтирани од тоа што секоја вечер не можат да дишат поради густиот чад кој излегува од фабричките оџаци.

„Најголемото право е правото за воздух, за здрава средина, тоа е уставно право загарантирано на секој жител на оваа држава и во цел свет. Ние го немаме тоа право, одземено ни е со години веќе, знаеме какви димови испушта секојдневно  фабриката, се надеваме преку вакви протести и многу други начини кои ќе смислиме во текот на протестите, ќе успееме да ги добиеме тие барања кои што ги бараме по четврити пат веќе на протест на улица“, изјави за Радио МОФ еден од демонстрантите.

Присутните побараа да се минимизира загадувањето од железарницата, а ги повикаа сите граѓани да излезат на улица ако сакаат да променат нешто.

„Има ефект од протестите. На почетокот си велевме дека сме неорганизирани, но има ефект“, уверуваат железарци. Ова е трет ваков протест со кој граѓаните на населбите побараа чист воздух и  исполнување на еколошките стандарди.

Еве дел од фотографиите од денешниот протест направени од репортерката на Радио МОФ:

22

11

66

33

99

55

88

 

Моника Кочовска