Некои го викаат Борко, други Џонка (бунтовникот), трети пак Фичо, но сите го препознаваат кучето протестант кое е дел од сите поголеми собири во Скопје. Јавноста последен пат го забележа на Студентскиот марш во средата, кога бело-жолтото куче во еден момент ја предводеше колоната од илјадници студенти, средношколци и граѓани што маршираа низ Скопје.
Тоа е редовен „учесник“ и на Критичната маса, учествуваше во првомајскиот протест, се појави пред толпата и за 11-ти октомври.
Благодарение на албумот поставен на Фејсбук од Васко Цацановски и Снежана Домазетовска јавноста го препозна своето куче протестант.
30.04.2014 Ја истрча цела Критична маса (KM#24) од почеток до крај (10км)
01.05.2014 Учествуваше во целиот марш од првомајскиот протест
28.05.2014 Беше на Критична маса #25
24.09.2014 Критична маса #29
11.10.2014 Партизанска велосипедска тура по повод 11 октомври
10.12.2014 Студентски марш #2
*фотографиите се преземени со дозвола на авторите