Илјадници студенти, професори, средношколци и граѓани протестираа пред Владата против воведувањето на државниот испит на универзитетите. Студентите фрлија копии од Уставот на Република Македонија пред Владата, за, како што велат, таа да го прочита.
Исто така, сите студенти го кренаа средниот прст, за „Курир да ги заокружи подобро“, додека на сцената рапуваше Да Џака Накот. Еден од студентите потоа го читаше говорот од филмот “V for Vendetta” и порача дека за „три дена ќе се видиме пред Парламентот и ќе направиме никогаш да не ја заборават 2014“.
Студентите го прогласија овој протест како успешен и воедно најавија нов во понеделник пред Собрание.
На студентите повторно им се приклучи и кучето Борко кое маршираше со нив на вториот марш.