Luciano Pia, италијански архитект, има прекрасна визија за тоа како луѓето и природата можат да живеат заедно во сосема урбан пејзаж. 25 Verde е станбен комплекс кој тој го дизајнирал во Торино – петкатница вткаена во бујна шума и челични носачи, која на жителите им овозможува да се чувствуваат како да живеат во голема урбана „куќа на дрво“.
Органската и асиметрична форма на терасите им овозможува на дрвјата да растат природно. Рибниците во дворот претставуваат освежувачко место за жителите во текот на летниот период, а 150-те дрвја кои ги губат своите лисја во зима им овозможуваат на станарите повеќе светлина во мрачните месеци од годината. Зградата помага да се прочисти загадениот градски воздух и ги изолира жителите од урбаните звуци и мириси кои ги опкружуваат.
Зградата, која е завршена во 2012 година се наоѓа на Via Chabrera 25 во Торино.