Граѓаните го прегрнаа ГТЦ – побараа да се зачува неговата автентичност

Граѓаните го прегрнаа ГТЦ - побараа да се зачува неговата автентичностФатени за рака, еден до друг, неколку стотици граѓани вечерва го прегрнаа ГТЦ и побараа зачувување на автентичноста на објектот, наместо негово преоблекување во барок.

Поделени во две групи, насобраните го заобиколија објектот, со што симболично порачаа дека го сакаат ваков каков што е сега.

Граѓаните го прегрнаа ГТЦ - побараа да се зачува неговата автентичностСпоред Даница Павловска, претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, тие како иницијатори на настанот се изненадени и задоволни од високиот одзив на граѓаните кон оваа иницијатива.

Ова за Павловска е показател доказ дека не смее да се посегне по автентичноста на ГТЦ, но и порака до надлежните да ги земат предвид желбите на граѓаните.

Граѓаните го прегрнаа ГТЦ - побараа да се зачува неговата автентичност

На заедничкото гушкање на Трговскиот центар му претходеше собирање на потписи за петицијата „Го сакам ГТЦ“. Од 10 до 18 часот беа собрани околу 2 илјади потписи, по што се создаде и најголемата гужва. Стотици граѓани останаа во редот трпеливо чекајќи да го стават својот потпис на петицијата.

Граѓаните го прегрнаа ГТЦ - побараа да се зачува неговата автентичност

Од Асоцијацијата на архитекти се децидни: најавените планови за новата фасада на ГТЦ не смеат да се реализираат. Идните чекори за зачувување на изгледот на ГТЦ ќе бидат прецизирани следниве денови.

На петицијата се потипиша и Лидија Марковска, еден од авторите на главниот проект за ГТЦ:

image

Видео: А1ОН