На 25 мај во светски рамки традиционално се организира „Марш против ГМО“ (генетски модифицирани организми). Активисти од целиот свет се собираат за да укажат на опасностите од генетски модофицираната храна и да се спротивстават на монополските политики и патентите за семиња на американската компанија Монсанто.
Оваа година за првпат и Македонија се приклучува кон Mаршот. Граѓанската иницијатива во Македонија , GMO Free Macedonia е предводена од студенти и инжинери по прехранбена технологија, здруженија за здрава околина и таа има за цел да ја зголеми свеста за негативното дејство на ГМО.
ГМО – храна се добива од организми на кои генетскиот материјал им е изменет со помош на современи технологии за генетски инженеринг. Според бројни истражувања, ваквата храна кај човекот и животните го зголемува ризикот за разни канцерогени заболувања, генетски пореметувања и други штетни влијанија на човечкиот организам.