Со цел да се добијат поточни информации за тоа во кои средни и основни училишта во Македонија се штрајкува, на социјалните мрежи почна да се споделува интерактивна мапа за штрајкот на СОНК.
„Македонското Министерство за образование и наука нема излезено со официјално соопштение за тоа каде се штрајкува, каде не, но и нема доставено целосни информации за тоа каде се спровело екстерното тестирање, а каде не. Имајќи предвид дека СОНК се навистина ненадарени за комуницирање со граѓаните на РМ, решивме да направиме интерактивна мапа на која ќе се обележат средните и основните училишта во Македонија“, се вели во текстот за мапата.
Мапата може да ја ажурираат сите ученици со тоа што треба да ја најдат својата општина и училиште следејќи ја следната легенда:
– Црвено – се штрајкува
– Зелено – не се штрајкува
– Жолто – делумно се штрајкува
Мапата може да ја отворите и ОВДЕ.