Избувна помал пожар во женската зграда на третиот спрат во студентскиот дом Стив Наумов во Скопје. Како што потврди командирот на противпожарната бригада во Скопје, Благоја Менковски опожарена е една соба.
Огнот избувнал од вклучена греалка, која се превртела и паднала на душек од креветот на една студентка. По разгорувањето на огнот, присутните почнале да го гаснат со противпожарен апарат, а по неколку минути пристигнале и две возила на противпожарната екипа.
Според Менковски, утврдена е помала материјална штета и нема повредени.
Студентите во домот за Радио МОФ сведочат дека биле исплашени од пожарот, а чадот го исполнил целиот ходник .
Овој дел од студентскиот дом Стив сеуште не е реновиран. Греалки, решоа и други електрични апарати не е дозволено да се чуваат во собите, велат студентите.