Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП Скопје, од утре ќе почне со бесплатен превоз на волонтери за помош во поплавените подрачја во Скопје и околината. Како што соопштија од ЈСП, автобусите кои превезуваат волонтери за помош во поплавените подрачја во Скопје ќе поаѓаат во 9:00, 12:00 и 15:00 часот од следните локации:
1. Ѓорче Петров – пред црквата Св. Петар и Павле; продолжува кон Карпош – спроти City Mall; продолжува кон Центар – Југодрво, потоа кон Хотел Континентал (Спроти Општина Гази Баба) и продолжува кон крајната точка
2. Кисела Вода – пред општина Кисела Вода, продолжува кон Аеродром – на бул. Србија пред ОКТА и продолжува кон крајната точка
3. Бутел – пред стара општина Бутел, продолжува кон црква Св. Јован и продолжува кон крајна точка
Крајна точка е Обиколницата (Пунктот накај Стајковци). Последното враќање одовде е во 19:00 часот.