Новиот Луна парк ќе има површина три ипол пати поголема од сегашниот, поради што ќе биде одземено зеленило на 59 илјади квадатни метри од Градски парк. Ќе се гради на истата локација која ќе биде проширена, а поради тоа ќе се намали зелената површина на вториот дел на Градски парк, објави sdk.mk.
Одземена од Градски парк ќе биде зелената територија околу сегашната локација на Луна парк, кој има површина од 25.000 квадратни метри,
Инаку, новиот Луна парк ќе се гради по идеен проект изработен од „Билд урбан“ ДООЕЛ Скопје. Ќе го гради фирмата „Жикол“ одбрана на јавен оглас минатата година. „Жикол“ доби рок од 22 месеци за завршување на градежните работи за 1,6 милиони евра. Реквизитите ќе ги набават и ќе ги монтираат фирмите „Боминг Оливер“ и „Ивама трејд“ за вкупна цена од 130.485.698 денари со ДДВ, односно 2,1 милиони евра.