Дел од настаните на годинешното издание на програмата на реномираниот фестивал „Охридско лето“ ќе бидат пренесувани во живо преку интернет, соопштија организаторите.
Концертите на Камерниот оркестар на Битола и Влатко Стефановски, „Рок Симфонија“, кој на сцената „Долни Сарај“ е на 16-ти август и Вечерта на романтична музика за виола со Блерим Груби и Марија Вршкова на 19-ти август во црквата „Света Софија“, ќе може да се следат во живо на веб-страницата на „Охридско лето“ – www.ohridskoleto.com.mk.
Видеопреносот е новина што се практикува на сите светски фестивали. „Охридско лето“ велат дека ја воведуваат ваквата практика на веб-продукција со цел фестивалот да се доближи до најсовремените технолошки IT достигнувања.