Повеќе од 120 родители, експерти и универзитетски професори денеска ќе учествуваат на конференцијата „Помош и поддршка на родителите кои имаат деца со аутизам“.
Конференцијата ќе се одржи во Музејот на македонската борба, во организација на Македонското научно здружение за аутизам (МНЗА) со почеток во 10 часот.
Учесниците ќе можат да се запознаат со образованието за родителите на децата со аутизам во Македонија, Хрватска и Кипар, а ќе бидат претставени и примери за позитивни пристапи во оваа област.
Конференцијата е во рамки на европскиот проект „Еднаквост и социјална инклузија преку позитивно родителство“ (ESIPP).
Аутизмот е невроразвојна состојба која се карактеризира со тешкотии во социјалната комуникација и социјалната интеракција, како и ограничено и повторувачко однесување и интереси. Има околу пет милиони луѓе во аутистичкиот спектар во Европа – околу еден на секои 100 луѓе, кои секојдневно влијаат врз животот на повеќе од 20 милиони луѓе.