Младински образовен форум и Радио МОФ го најавуваат летното издание на ЕNGAGE – конференцијата за друштвен активизам која ќе се одржи во склоп на Акто, фестивал за современи уметности во соработка со Факултет за работи што не се учат.
Вториот ENGAGE за 2016 година е закажан на 13 август (сабота) со почеток во 17:00 часот, во старата фабрика за фрижидери во Битола, каде домашни и странски активисти ќе споделат знаења и искуства на теми поврзани со активизам на јавен простор, слобода на говор, човекови права, заштита на животна среднина, социјални промени , како и за можностите за граѓанска мобилизација.
Како говорници на ова издание на ENGAGE доаѓаат:
Еmiliano Campagnola, актер, режисер, видео-театар-уметник, член на Teatro Valle Occupato (http://www.teatrovalleoccupato.it), Италија
Ksenija Radovanović, активист, член на иницијативата Не да(ви)мо Београд (https://nedavimobeograd.wordpress.com), Србија
Jernej Kastelic, активист, член на автономниот културен центар, Фабрика Рог, (http://tovarna.org ), Словенија
Christos Giovanopoulos, активист, чен на движењето Direct Democracy Now! (http://www.realdemocracy.gr), Грција
Ѓорѓи Пулевски, основач на дебатното кино „Контра Кадар“ (https://www.facebook.com/debatnokino ), Македонија
Драгана Велковска, активист, член на граѓанската иницијатива Охрид СОС, (https://ohridsos.wordpress.com), Македонија
Претставник на иницијативата „Битолско Движење“ (https://www.facebook.com/bitolskodvizenje), Македонија
Преку ENGAGE, МОФ и Радио МОФ се стремат да го подигнат нивото на информираност на граѓаните, нивната присутност и активно делување, како онлајн така и во физичкиот простор. Со седум говорници и 200 гости во публика ENGAGE ќе обезбеди едукација, интеракција и инспирација за индивидуи, групи и организации чија цел е да го подобруваат општетството во кое живееме.
ЕNGAGE е поддржана од National Endowment for Democracy, Фондација Отворено општество Македонија и Проект на УСАИД за граѓанско општество.
Сите информации за ENGAGE можете да ги најдете на engage.mk .