Со развеани ЛГБТ знамиња и транспаренти на кои пишува „Збогум Никола“, претставници на ЛГБТ заедницата денеска пред Владата ги изнесоа причините поради кои бараат оставка од премиерот Никола Груевски.
Ова е само еден од настаните кои се организираат во рамките на Неделата на Гордоста. Слични обраќања се најавени и за утре, пред зградата на Јавното обвинителство, каде што ЛГБТ заедницата „ќе го потсети Јавниот обвинител Шврговски на насилството, нападите, каменувањата и обидете за палење на ЛГБТИ Центарот за поддршка за кои ‘истрагата е сеуште во тек’“. Погледнете го денешното обраќање на Славчо Димитров од Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници: