АКВА ПАРК ФЕСТ го претставува првиот дел од музичата програма која ќе го одбележи првото издание на фестивалот.
Марк Најт (Mark Knight), авторот на некои од најголемите денс-хитови во последните десет години, доаѓа како еден од хедлајнерите на АКВА ПАРК ФЕСТ во Пробиштип. „Man With The Red Face“, „Good Times“, „Devil Walking“, „You Got The Love (Mark Knight remix)“, „Downpipe“, „Conscindo“, „Alright“, „Nothing Matters“… списокот на хитови по кој е запаметен овој британски диџеј и музички продуцент е исклучително долг. Со своите луцидни продукции, тој ја заработи и номинацијата за Греми (Grammy), а љубителите на електронската музика ќе можат да уживаат во неговата сет листа на првата фестивалска вечер на Аква Парк Фест, која ќе се одржи на 24 мај.
Покрај ова, на фестивалот ќе настапи и холандското диџеј-дуо Sunnery James & Ryan Marciano. Ова се две значајни личности во хаус-музиката, кои имаат единствена цел: да забавуваат што повеќе луѓе со нивниот дип и фанки хаус звук. На последното издание на Грин Бич Фестивал, македонската публика прв пат имаше приликата да ја чуе музиката на диџеј дуото на кое музичкиот свет му предвидува молскавично искачување во најдобрите ТОП 10 светски диџеи и чии настапи ширум светот се секогаш целосно распродадени