Жени од сите страни на светот кои биле жртви на сексуално злоставување ги споделуваат своите приказни на социјалните медиуми, преку хаштагот #metoo (и јас), за да покажат колку е сексуалното насилство распространето.
Хаштагот стана популарен после серија на обвинувања на холивудски актерки против продуцентот Харви Вајнстин. Околу 15 жени, меѓу кои и Роуз МекГован, Гвинет Палтроу и Анџелина Џоли, го обвинија за сексуален напад или силување. Вајнстин тврди дека сите сексуални чинови поврзани со нив биле консензуални.
Откако обвиненијата беа споделени со јавноста, многу познати личности ги искористија социјалните медиуми да го потенцираат проблемот на сексуалното злоставување, а некои од нив и детално ги опишаа инцидентите кои им се случиле.
If you’ve been sexually harassed or assaulted write ‘me too’ as a reply to this tweet. pic.twitter.com/k2oeCiUf9n
— Alyssa Milano (@Alyssa_Milano) October 15, 2017
Последниот значаен хаштаг, #MeToo, е искористен повеќе од 200.000 пати од неделата вечерта. Терминот доби моментум откако актерката Алиса Милано побара од жртвите на сексуално насилство да ја раскажат својата приказна во знак на солидарност.
Голем број пејачки, актерки, но и нивни машки колеги, се приклучија кон движењето.
Многу други корисници на социјалните медиуми споделија приказни за насилството со кое тие се соочиле.
— xoxo, Gaga (@ladygaga) October 15, 2017
Me too https://t.co/ScX67Kmmiy
— Debra Messing (@DebraMessing) October 15, 2017
Мажи и членови на трансродовата заедница исто така покажаа поддршка за кампањата.
Иако #MeToo хаштагот е засега најпопуларен на глобално ниво кој се бори со овој проблем, во некои земји се шират и други хаштагови.
Во Франција, корисниците на Твитер под #balancetonporc или „разоткриј ја свињата“ ги охрабруваат жените да ги именуваат и срамат нивните напаѓачи, додека #Womenwhoroar е друг термин под кој се охрабруваат жртвите на насилство или сексуално злоставување да зборуваат за своето искуство.