Технолози, научници, програмери, дизајнери, претприемачи и студенти од целиот свет ќе учествуваат на меѓународниот натпревар Nasa Space Apps Challenge 2014 што од денеска се одржува во Скопје.
Учесниците ќе имаат можност да работат на предизвици зададени од страна на NASA, заедно со ментори и експерти од Македонија и светот. Годинава тимовите ќе работат на пет теми-технологија во вселената, летови на човекот во вселената, астероиди, набљудување на Земјата и роботика.
Настанот во Македонија се одржува вторпат. Како коорганизатори се вклучени 14 студентски организации, како СП ФИНКИ, СП ФЕИТ, СП МФС, IAESTE, додека поддржувач на настанот е Македонски Телеком.
Mеѓународниот натпревар Nasa Space Apps Challenge 2014 ќе се одржува до недела.