Мемети: Невработеноста е најголем проблем за младите

Мемети: Невработеноста е најголем проблем за младитеПодмладоците на повеќе политички партии во земјава, деновиве одговарааат на прашањата на Радио МОФ за проблемите на младите, нивните приоритети и цели кои се поврзани со младите. Серијата интервјуа кои се составени од исти прашања испратени до сите партиски подмладоци, ги пренесуваме интегрално, овој пат со Беќим Мемети, претседателот на подмладокот на Демократската унија за интеграции (ДУИ).

Кои се главните цели на подмладокот на вашата партија и кои се вашите приоритети?

Помладокот на ДУИ е еден од најголемите помладоци во државата. Од овој помладок секогаш излегувале таленти, перспективни и паметни луѓе кои потоа биле раководители на големи институции во државата. Целите на нашиот помладок се многубројни но јас ќе потенцирам само некои од нив како што се: едукацијата на младите, занимавање со спорт, култура, еколошка свест, образование и др. Приоритетите исто така се многубројни но позначајни се комуникацијата со другите помладоци во и надвор од државата и потпишување меморандум за соработка, одржување на трибини, семинари, летни кампови, посета на архелошки места внатре и надвор од државата, средби со високи функционери, посета на Владата и на Собранието и др.

Кои се најважните проблеми за младите во земјава?

Како и сите млади така и ние имаме најразлични проблеми, а еден од најголемите проблеми е невработеноста. Голем проблем е што во нашето општество имаме многу млади кои завршуваат факултет и потоа остануваат без работа.

Како им овозможувате на вашите членови да учествуваат во работата и управувањето на подмладокот?

Нашите членови учествуваат во сите наши активности. Сите можат да се пронајдат себеси во подмладокот на партијата, во зависност од тоа каков факултет или какво образование имаат. Во нашиот подмладок или како што ние го нарекуваме – Форумот на Младите на ДУИ, имаме секретаријати и сите даваат свој придонес онаму каде што припаѓаат.

Кои се најголемите постигнувања на подмладокот на вашата партија за 2012-тата година?

Нашиот помладок имал низа активности низ целата држава и тие уште повеќе се интензивираат за време на изборите. Некои од позначајните активности се: спортските активности, манифестацијата за 7 и 8 март, културните манифестации за денот на Албанската државност, одбележувањето на денот на паднатите борци на УЧК како и внатрешни семинари одржани од врвни експерти и спонзорирани од академијата на ДУИ.

К.О.