Стотина граѓани и активисти, на мировен собир на Школка во Градски парк, одлучија на вториот Ден на жалост, мирно да се соберат, пред Влада во 18:00 часот и да им оддадат почит на загинатите во полициската акција во Куманово. Потоа, тие ќе положат цвеќе и ќе запалат свеќи пред Собранието, облечени во црна и бела облека, што ќе ја симболизира тагата за загинатите македонски и албански полицајци.
На денешниот собир, граѓаните дискутираа за можни активности во иднина со кои би го развиле ова движење, кое досега беше познато како „Стоп за полициската бруталност“. Нивната цел е да испратат обединувачка порака до сите.