Помеѓу повеќе од 300 пријавени поети од целиот свет на конкурсот за поезија „Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchia“ во Италија, македонскиот концептуален уметник, поет и граѓански активист Митко Гогов е еден од 10-те финалисти, информира Здружението „Контекст“ – Струмица.
Од Здружениетото велат дека конкурсот за поезија „Парнас – награда на Анџело Ла Векија“ беше создаден со цел да се прослави и овековечи, преку „Возвишена поезија“, духот, душата, суштината и есенцијата на животот во Каникатската секуларна академија на Парнас. Најмногу пријавени поети има од Италија, но меѓу учесниците има поети од цела Европа, Балканот и пошироко.
„Во апстрактниот простор – време што се приближува неверојатно до сите луѓе без најмала разлика не само на пол, вера, националност, возраст, но, исто така и во своето постоење и непостоење, поезијата успева да биде ’медиум’ во ’континуитет’ помеѓу земјата и небото, помеѓу телото и душата, меѓу прагматизмот и утопијата. Целта на овој конкурс е да се шири културата на чувства, емоции, страсти, знаење во текот на целиот живот и реализирање на ’експресивната слобода’ која е од суштинско значење и привилегија за секој современ општествено ангажиран човек“, соопштуваат од „Контекст“.
Наградата е именувана по проф. Анџело Ла Векија (Angelo La Vecchia), познат во Сицилија и на територијата на Италија со неговата работа како поет, драмски писател, историчар и професор.
Во текот на следните неколку денови ќе бидат прогласени најдобрите тројца автори за оваа година.