Тројца претставници на Средношколскиот пленум се поканети на средба во МОН, само еден час откако почнаа со поставување на кампот пред зградата во која е сместено ресорното министерство.
Како што изјави за Радио МОФ, Александар Милевски од Средношколскиот пленум, телефонски биле повикани од кабинетот на заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски на средба која е закажана за денеска во 11.30 часот.
Среношколците велат дека со оглед на тоа што е закажана средба, можно е да повикаат на завршување на бојкотот, но најавуваат дека кампувањето ќе продолжи до исполнување на барањата.