Министерството за образование и наука предлага на 10 февруари (вторник) да се одржи иницијална средба на којашто би присуствувале соодветни претставници, делегирани од страна на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје, се вели во соопштението до медиумите од МОН.
Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, претходно му предложи на МОН во најкус можен рок да иницира сеопфатна расправа од која би произлегле измени на тековниот или предлог за нов закон за високо образование, по што МОН одговори дека предлогот е конструктивен и е во насока на унапредување на високото образование во земјата.
Студентски пленум пак, на ова реагираше со соопштение во кое побара „Ректорот на УКИМ и МОН да не симулираат компромис“. Пленумот потенцираше дека уште при најавата за државен испит, студентите побараа сеопфатна анализа на проблемите во високото образование, но Министерството за образование и наука ова го одби, по бројни тврдења дека анализи постојат.
Локацијата и терминот за можната средбата меѓу претставници од УКИМ и МОН се уште не е позната.