По повод денот на ХАЕ, ретко заболување кое се манифестира со отоци на разни делови од телото, активистите во сабота (20 февруари) организираат хуманитарен настан во Градскиот парк во Скопје.
Здружението „ХАЕ Македонија“, со помош од пријателите од иницијативата „На точак“, настојува да ја подигне свеста за ова заболување. За таа цел тие повикуваат на заедничко возење велосипед, при што зборно место е Жена парк во 12 часот, каде може да се подигнат маичка и од каде ќе започне возењето до Градскиот парк (Школка).
Настанот ќе го поддржат и активистките од „Ситно сецкано“, со убави гурмански изненадувања.
„Ретки сме и ни треба поддршка! Дојдете со вашите точаци, насмевки и добри намери да ни се придружите на хуманитарниот настан за ХАЕ, на точак! ХАЕ е ретко заболување кое се манифестира со отоци на разни делови од телото. Може да биде животозагрозувачко ако се јави на витални органи (грло, стомак). Доколку сте во можност и сметате дека е потребно и важно, може да донирате за потребите на здружението во кутијата за донации којашто ќе биде поставена“, порачуваат од „ХАЕ Македонија“.