Додека бил на ручек во скопски ресторан со својот пријател и колега Атанас Кироски, новинарот на НоваТВ Борјан Јовановски вчера бил вербално нападнат.
„Неочекувано до масата пристапи едно детуле кое се уште не си ни бричи. Малолетно. Ми се обрати со зборот ’предавник’. Прашав дали воопшто знае што зборува..а тој ме плукна в лице и замина. Детето е злоупотребено. Нарачателот ми познат бидејќи беше присутен во ресторанот ’Воденица’. Пораката е примена. Инспираторот е исто така познат..Миленко Неделковки. Кратко да завршам..двајцата ќе одговарате а од мојот патриотизам и љубов кон демократска и европска Македонија нема нема да ме одвратите“, напиша Јовановски за нападот на својот Фејсбук профил.
Овој инцидент доаѓа само еден ден откако беше истепана новинарска екипа на порталот „А1он“ на протестот на иницијативата „За заедничка Македонија“.